Зошто треба да се вклучите во училишните активности и хобија на вашето дете

Воопшто не е тајна дека децата кои имаат родители се вклучени во нивните секојдневни активности се посреќни, поздрави и подобр адаптирани. Истражувањата покажуваат дека имаат зголемен когнитивен развој, мотивирани се, имаат зајакната врска родител-дете и имаат целосно подобар академски развој.

Исто така може да им помогне и на родителите во зголемување на нивната самодоверба и ќе имаат поголемо задоволство од постигнувањето на своето дете.
Но каде да се вклопите?

Со денешниот натрупан распоред помегу дома, работа и училиште, може да делува дека едно просено семејство има многу малку време за квалитетно поминато заедничко време. Со правилно планирање и посветеност, може да се направи позитивно искуство за сите и родителите и децата.

Најпрво откријте каде лежи најголеимот интерес на вашето дете. Нема ништо повредно од спомените кои ге ги негува вашето дете од заедничкото време поминато со вас во неговата омилена активност.

Исто така е важно да имате во предвид кои вештини, таленти и способности може да ги понудите. Дали може да ги понудите вашите организациски способности да направите забавен настан во училиштето на вашето дете, да судите на следниот фудбалски натпревар или да испешете торта за новогодишниот базар. Изберете ја внимателно активноста и уѓивајте во истата. Вашето дете ќе ја забележи срежата на вашето лице.

Целта е да сте вклучени и да останете вклучени. Кај децата на вклучените родители се заблежува дека имаат помалку емоционални проблеми или било каккви проблеми на училиште. Кнекцијата со вашето дете е win-win ситуација како за вас така и за децата.