Наслов

Жените како тренери во младинските категории

Според Националниот сојуз за млади спортисти од САД, бројот на женски тренери во младинските спортови е околу 20%, додека на колеџ и на универзитетско ниво, овој број е помал од 50%. Овој проблем не важи само за САД, а може лесно да се промени, доколку се смени општото мислење за жените во тренерските води.

Проблемот лежи во фактот што многумина сметаат дека жените се неспособни ефективно да тренираат машки деца на било кое ниво бидејќи тие ќе се борат за да ја добијат нивната почит. Всушност, помалку од 3% од машките тимови имаат женски тренер. 

Но ајде да ги погледнеме фактите зошто жените можат да бидат добри тренери во младинските спортови:

+ Жените можат да бидат емоционално јаки како и мажите.
Има многу жени кои успешно се справуваат со многу работи во бракот и со нивните деца. Нив ги бие лоша репутација поради емотивноста. Но да се биде емоционален не мора да значи дека личноста не е силна. Тоа едноставно значи дека емоциите треба да се канализираат и контролираат.  

+ Жените се погрижливи.
Ова е особено погодна особина за помладите спортисти, но и кај постарите деца. Тие обично имаат подобро чувство кога нешто го мачи некој играч. Жените се емотивно поотворени и имаат добри комуникациски способности, како што мајките се способни да мотивираат и добро да се поврзат со играчите, што е есенцијално за детето повеќе да ужива во спортот и искуствата што тој ги носи.

+ Жените обично се поорганизирани.
Можеби оваа особина не секогаш е присутна, генерално, тие некако успеваат да прават повеќе работи истовремено.

+ Жените се подобри кога треба да се пронајде балансот помеѓу натпреварот и изградбата на карактерот на децата.
Ова не значи дека жените се помалку компетитивни, но нивната грижлива страна им помага да ја видат важноста на карактерот и неговиот развој во светот на натпреварувањето. 

+ Жените претставуваат подобар пример кај младите женски спортисти.
Кога ќе докажат дека можат да ја извршат истата работа како и мажите, ги охрабруваат младите девојки кои што би сакале да направат тренерска кариера.

+ Жените обично се добри учители.
Ова се знае од бројот на женски учители кои се застапени во основните и средните училишта. Причината зошто толку многу жени учат деца е дека тие се добри во она што го прават. 

Секако, не сите жени можат да бидат добри тренери, но не и сите мажи. Да се биде тип на тренер што знае како да го направи младинскиот спорт позитивно, поучно искуство за децата нема никаква врска со полот. Ако тренерот е квалификуван, желен за знаење, грижлив и почитуван, важните лекции за карактерот ќе бидат научени, без разлика дали тренерот е маж или жена.

26 Август 2013

За авторот