Наслов

Заштедете си го гласот, купете си свирче

Една од алатките кои треба да ја има секој тренер за успешно контролирање на децата е свирчето. Децата со текот на време ќе се запознаат и ќе се навикнат на алатката која ќе ја користите за контрола на нивното однесување.

Менаџирањето на однесувањето на децата е лесно кога имате алатка со која кога ќе дувнете силно моментално го привлекува вниманието на сите присутни. Ова е добар начин за невербална комуникација при активности на отворено.

Иако сигурно веќе голем број на тренери се запознаени со ефикасноста на оваа алатка, еве неколку совети за оние кои сеуште не ја ставиле во употреба:

• Објаснете им на децата дека свирчето значи ЗАСТАНИ, ГЛЕДАЈ И СЛУШАЈ. Играјте игра со „замрзнување" со помалите деца. Децата се движат во различни насоки низ одреден простор, при звук на свирчето сите учесници треба да се „замрзнат".

• За време на тренинг свирнете само еднаш, затоа што последователно дување неколку пати ја ослабнува пораката да застанат, гледаат или слушаат.

• Децата за време на натпревар треба да научат да реагираат на свирче. За време на тренингот во кој се симулира натпревар, тренерот треба да употребува свирче за запирање на активноста, исто како судиите на натпревар.

• Носете го свирчето околу врат. Ова ги ослободува рацете за демонстрирање и невербална комуникација.

• Внимавајте на силината доколку имате мали деца во близина.

• Редовно чистете го свирчето.

28 Април 2014

За авторот