Најтешката задача за најмалите – олеснета!

Што се случува кога на учителката ќе ѝ здосади врзување панделки на детските патичиња? Или сите дечиња ќе се препкаат на патот кон дома од немирните врвки или ќе се зароди една нова генијална идеја…

Целата приказна започнува кога на учителката во прво оделение Елин Слоан сфатила дека троши премногу време и енергија на врзување врвки, а притоа малишаниве се незаинтересирани сами да научат. Прототип било едно избушено пластично капаче од кафе за носење, а кога дечињата почнале да лепат стикери и да си ги персонализираат капачињата се родила и нова бизнис идеја.

Во 2012 била отворена и компанијата EZLeaps, а производот во вид на пластична шарена картичка се продава по цена од 5.49 долари. Картичката е така креирана што може да се извади од патиката по врзувањето. “Кога за прв пат ќе успеат, изгледаат како да виделе магионичарски трик” вели Слоан за реакцијата на најмалите кога прв пат ќе врзат панделка.