Возењето на велосипед – повеќе од рекреација!

Искористете го времето додека не работите на најдобар можен начин. Рекреирајте се во градот, паркот или во периферијата. Побарајте го во гаражата вашиот велосипед и тргнете во незаборавна авантура.

Заедничкото уживање со возењето на родителите и на децата придонесува за подобро меѓусебно поврзување и зближување, затоа што децата учат дека родителите покрај тоа што се нивни воспитувачи и заштитници можат да бидат и забавни пријатели.

Покрај тоа тренерите истакнуваат дека возењето на велосипед е многу ефикасно кога станува збор за физичката кондиција, ја зајакнува мускулатурата, срцето и белите дробови.

Само половина час на возење дава позитивен ефект на срцето. Срцето и крвотокот се зајакнуваат и во исто време се растеретуваат коските и мускулите. Возењето велосипед со забава го подобрува расположението и квалитетот на сонот кај децата. Додека возите, Вашето тело автоматски почнува да го забрзува и вашиот метаболизам, ги движи сите мускули на долните екстремитети и го крева нивото на издржливоста и кондиција.

Пред да седнете на велосипед добредојдени се едноставни вежби за истегнување со кои ќе ги загреете мускулите, а возењето на велосипед ќе ви биде попријатно.

Децата се среќни и навистина уживаат во возењето на велосипед.

Возете, уживајте и бидете активни!

Детска академија “Браинобраин Европа” – Скопје