Визуелизација

Визуелизацијата е многу моќна умствена алатка. Истражувањата покажуваат дека потсвеста не може да направи разлика помеѓу реалниот настан и замислениот т.е. визуелниот. Поради тоа визуелните слики можат да имаат големо влијание врз умот.

Како што знаеме дека физичкити вежби за релаксација го смируваат телото, додека водените слики помагаат дополнително во релаксација со помош на смирување на умот. Во суштина, оваа техника овозможува ние да ја користиме нашата имагинација за да се забави брборењето на умот, а потоа да ги забележиме нашите мисли и чувства без осуда.

За да му помогнете на вашето дете со визуелизација, прашајте го него или неа да си ја замисли својата омилена боја, смирувачки звук или пак слика како топка со светлината.

Научете го детето да се фокусира на оваа слика заедно со длабоко вдишување и издишување. На пример, вашето дете може да ја замисли топката со светлина како патува надолу во телото со вдишувањето и како патува нагоре и надвор од телото со длабкото издишување.

Ако традиционалните смирувачки слики имаат повеќе од здодевен отколку смирувачки ефект врз вашето дете, тогаш тој или таа може да се обиде да си замисли патување на Месечината (или локација од сакана книга за деца). Нагласете го вниманието на дишењето да е во еднакви делови.

Детска академија “Бреинобреин Европа”