Важноста на раниот развој на децата!

Најважен период за развој на децата е периодот до 14-та година. Овој период важи за круцијален бидејќи се одвива формативната фаза во сите полиња: физички, ментален, когнитивен, емоционален, социјален развој.

Друго име за овој период е “отворен прозорец” период кога децата имаат најголема флексибилност за примање на информации од различна природа, а со нивна примена и употреба вршат градење на своето однесување, способности, вредности а понатаму и личност.

Информациите во овој период на нивниот развој ги добиваат главно преку три главни извори: родители, другари/врсници и секако училиштето/едукацијата. Гледајќи, слушајќи, правејќи секојдневни активности полека го градат својот поглед кон светот и градат однос помеѓу јас и светот.

Една од најодговорните улоги во овој период секако има училиштето или поточно учителите. Едукацијата во денешно време која се практикува со децата има нова улога. Нејзината современа улога е да подучува, поттикнува, извекува потенцијал, знаење од децата и да нуди можности за реализација.

Во едукацијата покрај здравите емоционални односи секако важно е и примена на техники и методи кои поттикнуваат креативност, флексибилност, фунционалност и апликативност.
Овие техники, вежби во својата природа имаат цел да ги поттикнуваат, вежбаат и истакнуваат и менталните способности и вештини.

Секое дете има своја уникатност и потенцијал кој во овој период е важно да се поттикнува со вежби за да се реализира.

Брзи, ефикасни ментални способности се предиспозиции кои само со континуирано вежбање и практикување стануваат стабилни ресурси кои можат да се користат во секојдневието, посебно во денешните услови на живеење.

Надоградување на менталните ресурси останува во текот на целиот живот преку искуството и учењето но резултатите и брзината на истите не се исти како на оние стекнати во раниот развој. Едноставен пример за ова е учењето на јазици кое е полесно во детството одколку во зрелите години или учењето на музички инструмент.
Еден од современите методи за поттикнување на менталните способности кај децата претставува абакусот.
Историјата на абакусот е поврзана со Блискиот Исток и трговците кој во тој период го користеле примарна функција за пресметување и продавање.

Денес, абакусот претставува алатка која во комбинација со менталната аритметика и ВАК (визуелно, аудитивно и кинестетичко) учењето го вклучува взаемното дејствување на целосната мозочна активност. Тој процес ги реализира менталните ресурси и ги поврзува во функционални цели. Важно е како се прават работите, со кој квалитет, а не само да се прават, во тој сегмент способностите имаат главна улога.
Покрај абакусот корисно е да се практикуваат и вежби кои прават истовремено поврзување на телото (физичките движења) со мозокот (центрите) бидејќи физичкото и менталното се делови на еден исти систем кој функционира во целина.

Вештините и способностите искатнати во период на ран развој имаат можност да останат како такви во текот на целиот живот со нивно надоградување и усовршување.
Целосниот релизиран капацитет со практични способности како: фокус, брзина, одлучност, креативност, самодоверба, фотографска меморија, имагинација, комуникација доведува до формирање на личност која пред се ќе има своја мисија и цел за својот живот и во исто време корисна социјална улога за општеството.
Децата го живеат своето детство но се и личности кои пред се чуствуваат што сакаат и имаат неограничени можности за реализирање на своите потенцијали и за формирање на својата иднина.

Mарија Милошеска,
Детска Академија „Браинобраин Европа” – Скопје