Тони Лазов матираше и велемајстор

Нашиот млад талент од Неготино, Тони Лазов, на 13 годишна возраст успеа да го совлада бугарскиот велемајстор Никола Спиридонов. 

На неколкудневниот меѓународен аматерски турнир што се одржа во Бугарија, каде се натпреваруваа шахисти од 12 држави, Тони Лазов освои парична награда и победи велемајстор. 

Исто така, тој ја освои првата награда за идеи во работилницата за шах, при што добил книга со специјална посвета од велемајсторот Александар Делчев.

На часот по шах пред преполна сала за анализа, Александар Делчев ја постави токму нивната партија (на Лазов и Спиридонов). Всушност, се работело за мала грешка на велемајсторот во завршницата на партијата, која Тони не пропуштил да ја искористи и за да ја заврши играта со промоција на дама, а велемајсторот да остане без друга опција освен да се предаде. 

Да се победи велемајстор е голема работа, ако се земе во предвид дека во Македонија досега имало само 9 лица со оваа престижна шаховска титула.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија