ТЕНИСКА ШКОЛА

Зошто групниот тренинг е подобар за најмладите тенисери

Тенисoт како индивидуален спорт претставува голем предизвик за секој поединец да се докаже пред себе или пред другите. Секој почеток на обука кај деца,носи голем број прашања кај родителите кој првпат се среќаваат со овој спорт. Дали е подобро за дете кое првпат започнува со овој спорт да тренира индивидуално или групно?

Првите чекори во тенисот  се многу важни за детето, затоа што тоа може да влијае на натамошната желба и мотивација за тренинг. Како индивидуален спорт, тенисот е игра која на самиот почеток би требало да претставува форма на забава и игри преку кои тие ке се развиваат и да научат. Како идеален почеток и вовед во тенис за деца  се нагласува кампот за тенис, или средина која е најудобна за најмладите, а тоа е меѓу пријатели. Тоа е една од причините поради кои децата ќе сакаат да доаѓаат редовно на тренинг.

Овој тип на работа вклучува развој на моториката и движење, забава конкуренција, дружење, учење “како да се победи“. Важен аспект на развој во помлада возраст е чувство на групата да работат како тим, помагање, соработка, трпеливоста за другите и споделување на радост, забелешки и задачи утврдени со тренерот.

Добро организиран и претходно испланиран групен тренинг претставува вистинско задоволство за децата.Тоа е начин за квалитетно и забавно да се искористи еден час. Тренингот на почетокот кај помалите деца не треба да биде со комплицирани потези учење и техники, току со  забавни игри, натпревари, разни полигони, со цел да имаат чувство на игра, а не тортура.

 

Совети за родителите чии деца првпат се среќаваат со тенисот:

  • Сослушајте го своето дете дали тоа сака да тренира тенис.
  • Исполнете ја неговата желба и зачленете го во најблиската тениска школа.
  • Немојте да го форсирате на тренинг на повеке од 2 или 3 пати неделно (дозволете дали тоа ќе ја прифати новата средина или не).
  • Бидете редовни на тренинзите 
  • Сватете дека вашето дете овде е пред се за забава, и учење на основите на тенисот немојте да имате преголеми очекувања.
  • Бидете реални во можностите и способностите на своето дете.
  • Разговарајте со тренерот за напредокот и на детето доколку за тоа има реална основа.