Наслов

Стратегии против есенското сивило

Есента и зимата си носат ниски температури, врнежи и по малку сивило, па затоа сакаме да си седиме по дома со нашите најмили на топличко. Тогаш се наоѓаат изговори за децата "малку" да поиграат на компјутер или да гледаат телевизија. Ама тоа и не е баш најздравото решение. Може до одредена минутажа, а потоа ете сме ние родителите, почнуваме да благо речено да ги опоменуваме малите.

Значи ако сепак сакате да останете дома еве неколку занимации-анимации што не вклучуваат gadgets.

А) Фитнес Коцка (Fitness Dice)

Доста популарна во последно време, не кај нас, и многу лесна за правење. Може да ја направите сами или пак кај некој тапацир. Потребно ви е платно на кое ќе бидат испишани активностите и 2 сунѓера во форма на коцка или пак најдете две поголеми картонски кутии во форма на коцка и тоа е тоа. На едната коцка ќе стојат испринтани или испишани со маркер активностите (на пр. потскокнување на една нога, чучнувања, склекови, кругови со раце и сл... може да менувате, бидете креативни). На втората коцка стојат број на повторувања 2, 4, 6, 8, 10 и 12. Одлична активност, а вие направете ја уште повозбудлива и приклучете се!
 

Б) Избегни ги ласерите

Сликата објаснува сè. Потребно ви е клопче волница по можност црвена, демек ласерски се зраците и место по дома каде ќе биде изводливо да се врзува волницата од еден до друг крај. Се рабира децата нема ни да бидат свесни дека изведуваат некоја физичка активност бидејќи ќе ги обземе возбудата.

В) Интерактивни игри

“Монопол“, “Не лути се“, “ Меморија“ и сла има уште многу други т.н. Board Games кои се наоѓаат локално по многубројните продавници за играчки. Овие игри не вклучуваат физичка активност ама барем има дружење, умствена активност, а исклучено е дремењето пред ТВ или компјутер.

16 Октомври 2013

За авторот