Како децата да го победат стравот од игли и од боцкање

Наслов

Со Buzzy и боцкањето е забава

"Buzzy for shoots" е играчка во форма на пчела за повеќекратна употреба која вибрира и лади. Ја измисли американската докторка-педијатар Ејми Бакстер со цел да им помогне на децата да го надминат стравот од игли и од боцкање.

"Buzzy for shots" ги комбинира двата отрпнувачки агенти така што додека телото на пчелата вибрира, крилцата (кои содржат гел што лесно замрзнува) ги ладат нервните завршетоци. Buzzy се става на раката или на друг дел од телото што треба да се боцне, и се остава да работи околку 30 секунди, додека се припрема вакцината. Потоа се трга малку настрана за да се стави вакцината, но сеуште се притиска за да се продолжи вибрациониот ефект. Значи нема потреба од никакви кремови за отрпнување, ви треба само Buzzy.

Пристапот на Buzzy е многу едноставен и логичен, бидејќи познато е дека при тап удар на местото се нанесува мраз и се масира или при блага изгореница болката се ублажува под млаз со ладна вода.

Доктор Бакстер уште од 2004 година ја оформува идејата преку личните искуства и прави дополнителни изстражувања за технолошките можности кои се нудат на пазарот. Иако со доза страв за кариерата и негативните последици кои може да и ги донесе проектот таа сепак решава да продолжи. По две одбивања од Националните Амерички институти за мали бизнис иновации и истражувања во здравството, во 2009 година успева да земе грант и да ја реализира замислената идеја. Две години подоцна, дури ја добива и престижната награда за Надобар Медицински Дизајн (Medical Design Excellence Award).

До сега, Buzzy веќе се користи во повеќе од 500 болници во Америка, во Австралија и Нов Зеланд како и во Јужна Африка. За другите држави преговорите се во тек.

09 Октомври 2012

За авторот