Наслов

Што имаме втор час, фитнес или здрав живот?

Следејќи ја старата „се учи прле, а не магаре", фондацијата Infinity Wellness почнува да прави позитивни промени кога во прашање се здравиот и активен начин на живот, почнувајќи од самата срж, кај најмалите.

Сè започнува кога една училишна медицинска сестра ги повикува персоналните тренери Ленс Бергер и Тања Колучи да држат презентација за фитнес на мали деца во едно американско школо. Откако двајцава увиделе колку малку децата биле запознаени со добра нутриција и навиките за редовно вежбање, решаваат да потегнат некој чекор во подобрување на ова поле.

Тие ја подигаат непрофитабилната организација Infinity Wellness Foundation чија главна задача е да го префрли фитнесот и активниот начин на живот од теретаната до општеството.

А WellKIDS гранката која ја имаат формирано опфаќа едукација на децата во основните школи (со оние школи кои се желни да соработуваат) примарната цел е формирање на навики за здрав живот и вежбање уште од најмалата возраст преку одлично смислени програми.

Ленс ја демонстрира јога позата „дрво“

Сесиите се вклучени во еден цел семестар (16 недели), а часовите се дизајнирани да имаат 30 минути едукација на теми поврзани со здравје, фитнес или нутриција проследена со 30 минути на движење, вежбање, односно било какво спортување.

Во последно време дури и ги имаат направено сесиите со промени на секои 10 минути се' со цел да се задржи вниманието на дечињата.

Во програмата се вклучени адаптирани часови за деца кои опфаќаат запознавање со јога, фитнес, здрав живот, здрава исхрана итн. што малишаните одлично го прифаќаат поради лесно сварливиот формат и начинот на кој што се одржуваат.
До сега низ програмата имаат поминато 4000 деца низ 19 основни школи.

 

14 Август 2013

За авторот