Наслов

Што е подобро, козјо или кравјо?

Иако неприкосновено млеко за бебиња си е мајчиното, во останатите случаи често се води дебата за тоа кое адаптирано млеко е подобро за нив, кравјото или козјото... 

И покрај тоа што моментално Британската администрација за храна и лекови (FDA) цитира директива од ЕУ која гласи „Козјото адаптирано млеко не треба да им се дава на бебиња под 1 година”, во Автралија ова млеко е дозволено од самото раѓање. 

При едно истражување направено во Оукленд, Нов Зеланд, се анализирале двата типа на адаптирано млеко за бебиња со цел да се направи споредба на нивното ниво на толерантност и безбедност. 

По случаен, но контролиран избор се бираат новороденчиња на кои по 72 часа од раѓањето им е дадено адаптирано кравјо или козјо млеко. Потоа бебињата се хранат ексклузивно со истото млеко уште 168 дена. Седум пати се мери тежина, должина и обем на главата на бебињата на различна возраст. Исто така, се следи фрекфенцијата на празнење и густината, спиењето и плачењето, како и негативните случаеви.

Од 72 бебиња, случајно биле избрани по 36 за секој тип на млеко, а од нив 62 успешно го довршија истражувањето. На почеток од истражувањето, просечната тежина на бебињата кои пиеле козјо млеко изнесувала 3.33 (+- 0.43кг) килограми, додека на бебињата што пиеле кравјо млеко просечната тежина изнесувала 3.43 (+- 0.47кг) килограми. На крајот од истражувањето, просечната тежина на бебињата изнесувала 8.07 (+- 0.90кг) килограми и 7.87 (+- 0.99кг) килограми, респективно. Фрекфенцијата на празнење била поголема кај бебињата што конзумирале козјо адаптирано млеко, додека кај останатите параметри немало особени разлики. 

Со изнесените резултати се дошло до заклучок дека растот на бебињата што пиеле козјо адаптирано млеко не се разликувал од оние бебиња што пиеле кравјо адаптирано млеко.

Иако кравјото адаптирано млеко е многу позастапено на пазарот и козјото адаптирано млеко може да се најде во некои маркети. Родителите кои бараат козјо адаптирано млеко за бебиња кои пројавиле алергија на кравјо млеко, треба да знаат дека нема конкретни докази дека тие нема да бидат алергични на козјото млеко. Според EFSA (European Food Safety Authority), немало уверливи докази, ниту пак соодветна литература за да се потрепи верувањето дека козјото млеко дава помалку алергиски реакции од кравјото. 

Но доколку бебињата покажуваат интолеранција на лактоза што е повеќе присутна во кравјото млеко, козјото млеко може да биде подобар избор за нив бидејќи содржи помалку лактоза и по хемиската структура е поблиску до мајчиното млеко.

Она на што треба да се обрне внимание не е типот на млекото, туку неговото потекло. Односно, дали млекото потекнува од органски одгледувани крави или кози и дали се чувани во добри услови за да се верифицираат неговите вистински здравствени бенефити. 

Доколку сакате да дознаете повеќе детали за кравјото наспроти козјото млеко погледнете го инфографикот...

22 Ноември 2013

За авторот