Комерцијален текст

Наслов

Сет за превенција и корекција на рамни стапала

Со развојот на цивилизицијата сè поголем е бројот на деца со деформитети на стапалата. Некои од деформитетите се само естетски, некои функционални и анатомски, но може да предизвикаат цела низа проблеми.

Рамното стапало е најчест деформитет и всушност претставува губење на физиолошките сводови на стапалото.

Доколку овие состојби навремено не се воочат и дијагностицираат, а со тоа да се спроведе и соодветен третман, последиците се чувствуваат во поодмината возраст кога можностите за терапија и корекција се намалени.

Одење и скокање на прсти, одење по нерамен терен како песок и камчиња на плажа во тек на лето, било каква спортска активност и вежби кои ги зајакнуваат подколените мускули се начин да се превенира оваа состојба. Но бидејќи современиот начин на живот сè повеќе ги оневозможува децата во игри и активности на отворено и движење боси – решение е употребата на гумени масажни полутопки и ролни. Тие симулираат одење по песок и камчиња и претставуваат одлична кинезитерапија спроведена преку игра и забава.

Медикус Хелп нуди сет за превенција на рамно стапало чии реквизити со својата форма и боја се вистински ʺмагнетʺ за секое дете. Сетот содржи две полутопки, ролна и постер со илустрирани вежби. Внатрешноста на полутопките и ролната е исполнета со воздух, а со играњето само неколку минути дневно на боцкавата надворешна површина се постигнува одлична сензо-моторна стимулација. Играњето со сетот за рамно стапало придонесува за зајакнување на мускулите на целото тело, се подобрува координацијата и балансот на телото, а со самото тоа се превенираат деформитети на рбетниот столб и на колената. На постерот се прикажани вежби, со кои на лесен и едноставен начин а пред сè низ игра се постигнува превенција и правилен детски раст и развој.

Сетот чини помалку од квалитетен пар чевли за едно дете, а може да се користи со години, од повеќе деца и на различна возраст

ДЕЦА! ИГРАЈТЕ, ВЕЖБАЈТЕ И ЗАБАВУВАЈТЕ СЕ – ВАШИТЕ СТАПАЛА ЌЕ ВИ БИДАТ БЛАГОДАРНИ.

РОДИТЕЛИ! НЕ ДВОУМЕТЕ СЕ ОКОЛУ ИЗБОРОТ НА ПОДАРОЦИ ЗА ДЕЦАТА – ГРИЖЕТЕ СЕ ЗА НИВНИОТ ПРАВИЛЕН РАЗВОЈ.

02 Април 2015

За авторот