Младите спортисти помеѓу родителите и тренерите

За да има успех во младинските спортови, за родителите и тренерите е нужно да соработуваат при што јасно ќе ги дефинираат своите активности и задолженија. Тие заеднички треба да им помогнат на децата да пораснат, да учат, да се забавуваат на натпреварите, но таму завршува нивната допирна точка.

Иако и тренерот може да има свое дете во тимот, најдобро е да не ја игра улогата на родител за време на тренинзите и натпреварите.

Работата на тренерот е да се фокусира на:
+ вештините на учење;
+ создавање единство во тимот и фокусирање на тимот како единка;
+ поттикнување на децата да го оформуваат својот карактер;
+  поттикнување на децата да го извадат максимумот од своите можности;
+ тренирање на тимот да игра јако и што повеќе да победува;
+ комуникација со родителите (но не за време на тренинзи и натпревари).

Работата на родителот е да го поддржува своето дете, целиот тим и тренерот.
Но многу често родителите не се држат до своите обврски. Тие ја минуваат црвената линија во територијата на тренерите сакајќи да завземат некои од неговите обврски. Можеби некогаш сте забележале:
+ Родители кои што го надвикуваат тренерот од трибините;
+ Родители што инсистираат нивното дете да работи на вештините со тренерот вон тренинзите и натпреварите;
+ Родители кои што споредуваат, се жалат и го нарушуваат единството во тимот.

Доколку родителите и тренерите се фокусираат да бидат партнери со тоа што секој си ја врши својата работа и работат заеднички за доброто на младите спортисти, тогаш младинските спортови би достигнале многу поголеми успеси.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија