Наслов

Првиот пливачки меѓународен митинг во Лесковац со успех за нашите млади учесници

Изминатиот викенд бевме во Лесковац на Меѓународен митинг во пливање, но бидејќи е прв во сезоната, резултатите не се во преден план.

Миа Крстевска и Антониј Симоновски беа прогласени за најдобри пливачи на митингот од испливани 3 трки.

Миа освои 1709 бода, додека Антониј освои 1582 бода.

Вкупно учествуваа 436 пливачи од 3 земји (Србија, Бугарија и Македонија).

Инаку медали освоија и Ема Младенова, Ирина Петрушевска, Јованов Андреј, Јована Крстевска.

10 Октомври 2017

За авторот