Идентификација На Талентот

Процесот на селектирањето во кошарката

Под поимот селекција подразбираме одбирање, насочување и усовршување на потенцијалите кои ги поседуваат одредени спортисти во одредени спортски гранки и дисциплини (Малацко 1986).

Кошарката како сложена полиструктурна моторичка активност преставува спорт со високо селективни критериуми кои понатамо го одредуваат спортскиот успех и резултат. Едноставен пример претставува ако направиме компарацијата со технологијата на производството при што во спортот добриот резултат го детерминираме како добар производ, додека лошиот спортски резултат преставува лош производ и поради тоа резултатот претставува есенцијален критериум во спортот.

Во историјата на спортот познато е дека во времето на античките олимписки игри постоел победник и единствено тој имал право да ја слави победата, а сите останати биле поразени и подложени на презир. Во врвниот спорт остануваат само оние спортисти кои произведуваат најдобар спортски резултат. Еден од основните проблеми кој најчесто се јавува на почетокот на селектирањето претставува квази чуството за хуманост при што од етичка гледна точка се јавува потребата за одговор на некои логични прашања:

  • колку е хумано и оправдано деца со несоодветно ниво на потенцијал да бидат подвргнати на оптеретувања во спортската технологија при што за истите однапред ако се знае дека немаат потенцијал за постигнуање на врвни резултати;
  • колку е пазарно оправдано да се инвестира во дете кое не е адекватен материјал за добивање на добар (врвен) производ;
  • дали е потребно и покрај сите вложувања да се чека резултатот да биде тој кој ќе ги селектира учесниците.

Одговорите на некои од овие прашања лежат во областа на селекционирањето и дијагностиката во спортот, но голем дел од прашањата исто така и понатамо остануваат неодговорени и подложени на понатамошни научни истражувања (често во праксата се случува спортист од кој не се очекува многу да оствари врвен спортски резултат).

Самиот процес на селектирање уште на неговиот старт елиминира голем број на поединци со тоа што кога натпреварите ќе станат поспецијализирани се зголемува ригорозноста и доаѓа до елиминација и на некои од веќе претходно селектираните поединци.

Од ова произлегува дека основна цел на системот на селектирање за врвната кошарка преставува правовремена идентификација и насочување на талентираните и предиспонираните деца во високо организирани кошаркарски амбиенти во кои нивниот потенцијал ќе биде поставен под посебни третмани со кои има голема вероватност да се постигнат врвни кошаркарски резултати (Труниќ 2007).

Под поимот талент подразбираме способност која се уште не е доволно развиена, а со самата можност или тенденција истата да се развие се користи терминот диспозиција. Талентот претставува природно својство кое може да остане неоткриено доколку со помош на вежбање истото својство небиде претворено во способност.

Досегашните теоретски и практични искуства на поголемиот дел од тренерите и истражувачите кои се бават со оваа проблематика не упатуваат на констатација дека од поголемиот број на фактори кои се присутни во селектирањето како најзначајни можат да се наведат следните (Каралејиќ и Јаковљевиќ 2001):

  • талент
  • наследност
  • биолошка старост и
  • високо организациско ниво во подсистемот на селекцијата ( насочување, избор и пратење на селектираните).

Како пример за погоре наведената тематика може да ни послужи ” ПРОГРАМОТ ЗА МЛАДИ ИГРАЧИ ” на Шпанската Кошаркарска Федерација :

ОСНОВНИ ЦЕЛИ ПОВРЗАНИ СО МЛАДИТЕ КАТЕГОРИИ :

Пронаоѓање на талентирани играчи – на летните кошаркарски кампови (деца од 10-14 год. возраст), истите се пратат и во своите матични клубови (контрола на работата и стручноста), и се врши и дополнителна селекција на деца кои се испуштени во примарната селекција (корекција). Како резултат на ваквата работа претставува Селекцијата 1980/81 : ГАСОЛ, НАВАРО, ЛОПЕЗ, РЕЈЕС и др.

Развој на младите играчи — обезбедување на оптимални услови за тренинг на играчите од 14-18 год. возраст со посебен акцент на играчите кои ги поседуваат сите потребни вештини но немаат услови за тренинг ( играчи кои многу често се занемарени од страна на големите клубови). За таа цел отворени се два тренажни центри во Барселона и Фадура.

Првиот чекор во селектирањето на младите играчи се врши врз основа на мислењето на трењери експерти кои работаат во центрите, додека вторио чекор преставуваат медицинско – психолошки тестирања ( утврдување на нивото на матурација, физичките способности и психолошки карактеристики), после што повторно следи барање и сублимат на стручни мислења од тренерите во центрите.

ОСНОВНИ ПРИНЦИПИ ВО СИСТЕМОТ НА РАБОТА

  • ОБЕМ — непосредна близина на местото на жвеење со спортската сала, меддицинскиот центар и училиштето сп што се овозможува непречено спроведување на тренажните активности.
  • КВАЛИТЕТ — во оквирот на центарот се запослени кошаркарски тренери, кондициони тренери, психолози, спортски лекари со што се контролираат повеќето кошаркарски вариабли кои влијаат на ренажниот процес.
  • ИНДИВИДУАЛИЗАЦИЈА – врз основа на тестирањата се одредуваат индивидуалните зони на оптеретување и секој тренер врз основа на индивидуалните способности прави програма за работа со играчите ( техничко тактичка и кондициона).

Сето ова што е напишано во горе наведениот текст е во контекст на тренажниот процес кој за цел има да создаде врвни кошаркарски играчи , но дали тоа навистина треба да биде главна цел ?