Пишувањето и тренинг совети за фини моторни вештини

Децата не се во состојба да пишуваат убаво се додека не ја развијат „фината” моторика на соодветно ниво. Овие вештини за жал се подобруваат бавно и со многу вежбање.

Употребувајте ги следните активности и совети за да му помогнете на вашето дете да развие прецизност, рамнотежа и координација око-рака, кои што се неопходни за изведување на фини моторички движења при пишувањето.

1. Пуштете ги децата да си играат со глина со што ќе им овозможите да ги зајакнат мускулите кои се активираат при пишување.

2.Охрабрувајте го да игра со коцки, мали колички, со фигури од акциони херои и други мали предмети.

3. Составувајте сложувалки заедно со вашето дете.

4. Смислете креативни игри кои вклучуваат користење на боички, маркери во разни бои, ножички, бои за раце како и кинење на хартија.

5. Играјте игри кои вклучуваат држење на карти или мали делчиња кои се дел од некоја игра.

6. Охрабрувајте го детето само да извршува секојдневни активности кои бараат изведување на прецизни движења како што се заврзувањето на врвките, закопчување панталони или џемпер или закопчување на патентот од јакната.

Запомнете дека на секое дете му е потребно различно време за развој на „фината” моторика потребна за пишување. Затоа потребно е трпение. Колку почесто децата ги користат прстите во секојдневните активности толку побрзо ќе ја совладаат оваа вештина.