Пелени и скејт

Наместо на негови години да вози трицикл, тоа вози напреден скејт. 

 

Ако му дадете скејтборд на двегодишно дете, може нешто ќе го подбутне, евентуално да проба да се качи и веројатно да падне, да го тресне од земја или пак воопшто да не го интересира.

Но Калеи Стоун-Кели (Kahlei Stone-Kelly) е едно поинакво тодлерче, бидејќи освен што вози скејтборд знае да прави и трикчиња што му успеваат многу сигурно.

Калеи потекнува од фамилија на скејтбордери (очигледно) од Викторија, Австралија кои се натпреваруваат низ земјата како тим. Тој прв пат скејтот го осетил под нозе на свои шест месеци (да, само на шест месеци).

Видеото на малиот Калеи стана вирален хит на интернет за многу кратко време по поставувањето.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија