Наслов

Peanut Butter Jelly? Yes, please.

Точно, звучи типично американски и тука лебди стереотипното мислење за нивниот начин на исхрана. Меѓутоа конкретно за ова, проверено е и излезе дека не така лоша комбинација од нутриционистичка гледна точка.

Кикириките и путерот од кикирики се достапни во сите маркети и можеме да си ги дозволиме, а се одлични нутриенти за децата. Згора на сè, голем процент од нив го сакаат тој вкус.

Честопати родителите се соочуваат со предизвик при "наметнување" на исхрана со важна нутриционистичка вредност за децата. Децата мислат дека таа храна не е вкусна и бљантава. Но кога станува збор за кикириките и путерот од кикирики, тогаш може да се рече дека триото хранливост, цена и вкус се добар тим.

Зошто баш оваа комбинација?
Кикириките содржат голем процент на протеини, повеќе од било кои мешункасти плодови. Плус во нив се содржат над 30 витални витамини.

Поради примамливиот вкус путерот од кикирики може да го комбинирате и со сецкани парчиња овошје како круша или јаболко, па така вашето дете може ги пројаде овие овошки ако дотогаш не ни помислувало.

Што се однесува за комбинацијата путер од кикирики и џем на лепче, истата вклучува внес на протеини и јагленохидрати. Одличен оброк што би ги задоволило потребите на детето во развој. Извор на протеини, здрави маснотии, влакна и витамин Б. Читајте ги состојките кога треба да купите путер од кикирики, иако подобро би било да си направите еден домашен. А ако имате домашен џем – прав погодок!

07 Април 2014

За авторот