Наслов

Најчести повреди кај младите спортисти

Статистиката на спортски повреди во младинскиот спорт кај деца од 6-19 години во САД укажува дека на врвот од листата се наоѓаат шинувања и напрегања, фрактури, контузии, абразии и потреси. Интересен податок е што над 50% од овие повреди се случиле за време на тренинг, а не на натпревари.

Постојат повеќе мислења на оваа тема меѓу кои едни сметаат дека во денешно време подобро се регистрираат ваквите повреди, а други сметаат дека децата премногу рано се насочуваат во спортот и како дополнителна причина се зема зголемената компетитивност меѓу нив за се притискаат повеќе отколку што се способни да дадат.

Ова се честите повреди кои треба да се споменат...
 

Потреси

Во САД, случаите со потреси се зголемиле двојно во период од 10 години кај ученици од 8-19 години кои париципираат во спортови како кошарка и фудбал. Некои сметаат дека зголемената бројка се должи на зголемената свесност за вакви повреди и можноста за нивна дијагноза и навремено лекување.

Во фудбалот потресите кај девојчињата се за 68% повеќе отколку кај момчињата, а во кошарката стапката на потреси кај девојчињата е за 293% повисока отколку кај момчињата. Експертите шпекулираат зошто е таква ситуацијата. Некои велат дека девојчињата повеќе ги пријавуваат проблемите од овој вид со што се подобрува дијагнозата. Други мислат дека натпреварувачкиот дух кај девојчињата е драстично зголемен во последните неколку декади што доведува до поагресивна игра помеѓу нив.

Во една студија направена во 2011 година низ средните училишта во САД со најмалку еден спортски тренер, се пронајде дека од сите спортски поврзани повреди што биле пријавени кај тренерите 15% биле потреси.

Но истражувачите исто така дојдоа до заклучок дека 32% од фудбалските играчи имале симптоми на потрес но не ги пријавиле и не побарале медицински третман. Повеќе од половина се изјасниле дека причината поради која не ја пријавиле повредата е дека се плашеле да не изгубат континуитет од играта.

 

Топлотни удари

Бројот на повреди поврзани со топлина од 1997 до 2006 година се зголемил за 133%. Младината го содржи најголемиот процент на вакви повреди со дури 47.6%. Големата бројка на топлотни удари ги навело училиштата да превземат мерки и да ги ограничат тренинзите при високи температури како и да даваат повеќе паузи за вода со цел да се спречи прегревањето. 

Две третини од децата доаѓаат на тренинг прилично дехидрирани. Оваа ситуација ги става играчите во голем ризик од топлотен удар, дури и ако внесуваат многу течности за време на тренингот.
 

Повреди на Преден Вкрстен Лигамент (ПВЛ)

Пред дваесеттина години, малку деца со вакви повреди се регистирани во болниците. Во денешно време, овие повреди се многу позастапени бидејќи спортистите започнуваат да тренираат рано, се специјализираат и тренираат напорно со што се создава огромен притисок на нивните тела.

Во САД, најмногу вакви повреди се јавуваат во фудбалот и кошарката. Студии откриваат дека женските спортисти имаат поголеми шанси да добијат повреда на предниот вкрстен лигамент за разлика од машките спортисти. Уште поинтересно е што овие повреди не настануваат од контакт со друг играч туку од:

- нагло стопирање;
- брзи, отсечни движења;
- нагла промена на насоката;
- погрешно приземјување по скок. 

Извор

24 Април 2014

За авторот