Надежна кросфитерка на тренинг со својот идол

Рејчел Мекинис има 14 години и за неа кросфитот е главна преокупација! Нејзиниот идол е Лорен Фишер, која исто така започнала да тренира кросфит како тинејџерка, а веќе на 20 години се натпреварувала како ветеран.

 

Рејчел тежи 50 килограми, а веќе изведува мртво дигање со тежина од 109 килограми. На училиште победила на натпревар во правење склекови каде успеала одеднаш да направи 50 склека.

Бидејќи се огледува на Лорен Фишер за нејзиниот 14-ти роденден и договориле средба и тренинг со неа како дополнителна мотивација и подарок за посветеноста на оваа млада и силна дама.

Како важен совет Лорен и посочува на Рејчел дека ”не треба никогаш да си дозволи да го доживува вежбањето премногу сериозно и доколку не напредува во одреден период, да не се разочарува или да мисли дека е крај на светот и дека треба да работи за сè”.