Наслов

Миа Крстевска постави два нови државни рекорди

На ден 03.12.2016 на Меѓународниот пливачки митинг „ВОША 2016” кој воедно е и отворено Државно првенство на куси базени на Србија, членката на нашиот клуб Миа Крстевска постави два нови државни рекорди во категоријата Младинки и Сениорки/Аполутен во дисциплината 200м грбно.

Миа прво го собори Младинскиот и Асполутниот во квалификациите, а вечерта го стори истото и во финалната трка.
На натпреварот учество земаа 450 пливачи повеќето до Србија,но имаше и пливачи од Словенија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Романија и Унгарија.

• Младинки 200м грбно 2:18:04(стариот рекорд беше 2:20:09 во сопственост на Миа Крстевска кој го постави во утрниските квалификациите,претходниот беше на Маринова Симона со време 2:20:40)
• Апсолутен 200м грбно 2:18:04(стариот рекорд беше 2:20:09 во сопственост на Миа Крстевска кој го постави во утрниските квалификациите,претходниот беше на Маринова Симона со време 2:20:40)

На митингот настапи и Филип Деркоски кој ги исплива своите најдобри времиња

06 Декември 2016

За авторот