Малечки, ај играјте си безбедно

Секој родител би сакал да го заштити детето од несоодветни и токсични играчки кои моментално се најзастапени на пазарот. Според јавните предупредувања, овие играчки често ги има на уличните тезги и во некои од продавниците за деца. Но, како тогаш полесно да ги препознаете и да ги избегнете? И кои се најбезбедните детски играчки?

Безбедносни мерки, проблеми и измами
Играчките многу често ја имаат ознаката СЕ, која гарантира дека производот е во согласност со европскиот пазар (European Toy Safety Directive 88/378/eec). Меѓутоа оваа ознака, може да има повеќе варијанти. За полесно да ги продадат играчките без стандарди, нивните производители користат низа трикови како на пример впишување на малку модифицирана ознака за безбедност СЕ. Некој призводители од Кина наместо оргиналната ознака за стандард го впишуваат акронимот СЕ што за нив значи China Exported. Родителите на овој начин се измамени дека играчката е безбедна.

Токсичните играчки може да предизвикаат рак како најсериозна здраствена состојба, но и низа други здравствени проблеми. Ако ги следите реакциите на ЕУ, излегува дека секој втор производ за деца е забранет.

Најчесто се испитуваат само три од најризичните супстанции кои се користат во производството на играчки, иако според европската директива треба да се бараат многу повеќе.

Кај нас, многу играчки содржат токсични материи, голем процент на олово, жива и фталати (омекнувачи на синтетички материјали). Стручните лица велат дека при лабораториските испитувања, меѓу другото, треба да се проверува дали и површината на играчката содржи антимон, арсен, бариум, кадмиум, олово и селен.

Треба да се напомене дека една третина од пестицидите во светот се користат при производство на неоргански памук. Овие хемикалии се апсорбираат во памукот, воздухот, почвата, водата, а со тоа и во нашите тела. Според Светската здравствена организација 20 000 смртни случаи годишно се предизвикани од труење со пестициди.

 

Органските играчки се најбезбедни за децата. Зошто?
Органските играчки се направени од материјали кои не содржат пестициди и токсични супстанции. Вакви играчки се препорачуваат за сите деца, но најпогодни се за оние кои имаат чувствителна кожа и проблеми со алергии.

Со примена на органскиот памук кај детските играчки не само што се штитат децата, туку се штитат и луѓето кои работат на плантажите за ваков памук. Исто така, при самиот процес на изработка не се загадува воздухот, водата и почвата. Затоа со органските играчки покрај здравствените, имаме етички и еколошки придобивки.

Органските играчки ја имаат вистинската СЕ ознака. Тие поседуваат сертификати кои потврдуваат успешно тестирање за висок и постојан квалитет.

 

Како да одберете безбедна играчка за вашето дете?
Доволно ќе биде да ја проверите ознаката за квалитет и стандард и да ја почитувате препорачаната возраст, која производителот ја определил како безбедна. Декларацијата мора да назначи дали треба да има надзор од родител додека се користи играчката.

Иако треба да внимавате при изборот на играчки за вашето дете, не секогаш важи правилото  дека високата цена значи и подобар квалитет.

 

Предлози за органски играчки

  1. Фризби изработено од цврста рециклирана пластика

     

  2. Јаже за скокање од органски памук

     

  3. Дрвен тротинет премачкан со нетоксична заштитна боја
  4. Органско Јо-Јо како убав подарок
  5. Топка изработена од 100% органско памучно платно
  6. Скејт од природни материјали