КК Вардар со летен кошаркарски камп на Халкидики

Кошаркарскиот клуб Вардар и ова лето по вторпат го одржува интарнационалниот летен камп во Халкидики во периодот од 20-27 јуни. Кампот е во полн ек и тренинзите се одвиваат според планираниот календар. Во кампот учествуваат повеќе од 70 деца од различни возрасни категории од кои 15 се репрезентативци на Македонија во повеќе младински селекции. 

“Го одбравме кампот Скоурас на халкидики за наша база за летните активности, изобилува со прекрасна природа, нови терени за кошарка и одлични услови за дружење и забава. Воедно имаме и индивидуален камп што е под водство на српските тренери Винко Бакич поранешен тренер на КК партизан и Ненад Јерковиќ поранешен тренер на КК Црвена Ѕвезда. Демонстратот и специјален гостин на кампот е Иван Маринковиќ србски интернационалец што оваа сезона играше во МЗТ Скопје аеродром” – Изјави Никола Данев тренер востручниот штаб на КК Вардар

Освен Никола Данев, тренери се и Бранко Андриевски, Младен Јегдиќ, Дарко Крстиќ, Филип Георгиевски и Горан Георгиевски тренер од КК Работнички. Додека тренери од Србија се Винко Бакич, Ненад Јерковиќ, Петар Чириловиќ 

 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија