БАЛКАНСКИОТ ПРВАК АБДУРАХИМ ИДРИЗИ ВО САБОТА ВО САРАЕВО

Ќе се потрудам максимално во Босна

Во сабота (01.06,2013) во Сараево, Босна и Херцеговина ќе се одржува 14 тиот Традиционален карате фестивал – Денови на Нови Град 2013.

На овој настан ќе учествува младиот репрезентивец и Балканскиот првак Абдурахим Идризи, тој ќе се претстави пред босанската публика во демонстрација на КАТИ во категорија родени 2001 година, и во КУМИТЕ каде ќе се бори во категорија до 35 килограми. 

Максимално сум подготвен за овој настан, мислам дека ќе се вратам макар со еден медал од Босна, ми недостасува уште босански медал.