Како да се дисциплинираат чувствителните деца

Без конкретно да знам колку мојот син е чувствителен, јас го дисциплинирав на начин што буквално ја уриваше неговата самодоверба и ја уништуваше нашата врска на мајка и син.

Ова е вистинската причина зашто почнав да истражувам за филозофијата на професијата родител. Најмногу се одлучив да истражувам на оваа тема зашто видов болка и тага во очите на мојот син додека го дисциплинирав според општоприфатените техники што родителите ја користат.

Во книгата на доктор Елејн Арон „Многу чувствително дете” таа вели: „Чувствителните деца треба да се дисциплинираат и да се корегираат ако грешат, но ако не знаете како да го правите тоа со нив на вистинскиот начин, децата ќе помислат дека вие не мислите дека тие се вредни”.

Чувствителните деца се многу самокритични, па ако и родителите ги критикуваат тие тоа го доживуваат како тежок удар. Критикувањето е нешто што родителите треба да го избегнуваат кога ги воспитуваат своите деца.

Во книгата доктор Арон вели: „Чувствителните деца ги доживуваат нивните грешки многу сериозно и понатаму поради тоа наоѓаат начин да се казнат”.

Начини на дисцилинирање на деца што треба да се избегнуваат:

1. Немојте да ги засрамувате
Чувствителните деца се многу сензитивни посебно ако се обидете да ги засрамите. Ако им кажете: „Зашто никогаш не можеш да го направиш тоа како треба!”, чувствителните деца тоа ќе го разберат како најтешките зборови што некој им ги кажал.

2. Немојте да ги задевате
Во некои семејства постојано членовите се шегуваат и се задеваат, но саркастичната порака за чувствителните деца може да биде многу лошо разбрана.

3. Избегнувајте дисциплинирање со употреба на физичка сила
Ова важи за секое дете, а посебно за деца што се многу чувствителни.

 

Превод: Наташа Г. Илиоска

Бреинобреин Едукатор