Позитивните резултати кај деца и адолесценти кои практикуваат јога - поткрепено со докази!

Јогини со душа и тело, засекогаш

Слободно може кажеме дека бебињата се родени јогини. Тие се ослободени души, во хармонија со себеси, совитливи, отворени за знаење, а притоа без никакви предрасуди. Но, тоа е само показател дека практиката треба да се продолжи во животот, бидејќи веќе и научно се докажаа позитивните ефекти на јогата кај деца и адолесценти. 

Бебињата и малите деца во секоја на фаза од развојот можат да се свиткаат и да направат најразлични асани или мудри, а на нивната галантност и леснотија при изведбата можат да поздравидат дури и најискусни јогини.

Со обзервација на бебињата може да се заклучи дека:

– Фетусот во мајчината утроба може да се забележи дека често ги држи палчињата нагоре (merudanda mudra).

– Новороденчето може често да се забележи со палецот затворен во дланката (adi mudra).

– Исто така, новороденчињата многу често го држат палецот и показалецот нежно допирајќи се со краевите на прстите, додека останатите три прста се отворени и исправени (chin mudra).

– Кога бебињата почнуваат да се превртуваат, тие го истегнуваат торзото со подигање на рацете во поза на Кобра (bhujangasana) или пак кога лежат на грб, тие со испружени раце ги превртуваат нозете една преку друга.

– Кога почнуваат да лазат, тие обично се истегнуваат во поза на мачка (bidalasana).

– А додека учат да застанат и да одат, тие ја изведуваат позата триаголник (trikonasan) и куче (adho mukha shvanasana).

– Бебињата често може да се забележат како спијат во детска поза (balasana).

– До двегодишна возраст, бебињата кога лежат на грб ги подигаат нозете во воздух, движејќи ги накај стомакот (позната како поза pavanamuktasan).

Низ целиот развој со јога позите се подобрува координацијата и јачината на мускулите на бебето кои се неопходни за следната развојна фаза. Јогата е нивното несвесно патешествие кон вертикалата, додека за возрасните тоа е свесно патешествие кон себе-реализацијата.

Па зошто тогаш оваа природна способност знае да се изгуби со годините? 

Според Динеш Кашикар, член на фондацијата “The Art of Living”, тоа првенствено се случува бидејќи децата имаат поголема интеракција и влијание од родителите и од другите возрасни лица кои ги опкружуваат (учители, роднини и семејни пријатели), а сè помала интеракција со природата.

Во овие времиња, кога живеењето е поинакво, децата не се вистински стимулирани да практикуваат јога. И последно, како децата растат се развива и егото кое повеќе не им дозволува да бидат природни.

Но, сепак јогата тлее во сите нас и чека повторно да биде разбудена како најприродно нешто што го поседуваме и кое што вродената интелигенција ни го покажува како добро за нашето тело.

Затоа е важно да се продолжи со јога практика низ целото детство и зрело добата, бидејќи со самото созревање се менува пристапот и доживувањето на асаните и на медитацијата.

Има училишта кои веќе инкорпорираат јога како дел од наставата, а се очекува трендот да се прошири затоа што веќе и официјално е докажано дека јогата има позитивен ефект кај психо-физичкиот развој на децата.

Деца кои практикуваат јога не само што подобро ги регулираат емоциите, полесно се справуваат со стресот и сами можат да се смират, туку истражувањата покажуваат дека тие исто така бираат поздрави оброци и се физички поактивни за разлика од останатите врсници.

Едно истражување ги испитало позитивните страни на јогата кај адолесценти со пореметувања во исхраната. Повеќето страдале од ниска самодоверба, но по одреден период поминат во практикување јога 75% од нив се изјасниле дека се чувствуваат многу подобро.

Исто така, истражувањето кај анорексични адолесценти покажа дека фокусираното дишење (pranayama), секвенцираното движење (asana), медитацијата (dhyana) и будната релаксација (yoga nidra) го намалуваат стресот поттикнат од гладувањето, безбедно ја враќаат моќта на ослабнатото тело, се намалува поспаноста и се поправаат искривените перцепции за себеси.

Другите истражувања кај деца и адолесценти кои биле вклучени во проектот SYTAR ја анализирале нивната вознемиреност, депресија, траума, промени во расположението, чувството за себеси, самодовербата и слични параметри.

Повеќе инфо тука!

А за крај, неколку понапредни и поедноставни јога вежби со дечиња кои можете и по дома да ги практикувате.