НЕ Е СЕЕДНО

Наслов

Изберете ја правата играчка

Без разлика за каква играчка станува збор, бидете сигурни дека ќе изнудите насмевка и радост кај секое дете. За да бидете сигурни дека тоа е правата играчка земете го во предвид она што го пишува на етикетата.

Како и да е, вашата проценка при изборот можеби е најважна. Секогаш имајте го во предвид темпераментот, однесувањето, интересите и како детето реагира на нова играчка. Доколку детето е понапредно од неговите врсници тогаш може да му купите играчка за поголеми деца. Меѓутоа треба да знаете дека возрасните граници кај играчките се определуваат според сигурносните фактори, а не според интелигенцијата.

Еве и неколку насоки кои би требало да ги имате во предвид и би ви помогнале во изборот на правата играчка:

Играчките треба да бидат доволно големи за да не можат децата да ги стават во уста, проголтаат или пак да се заглават во душникот. Постојат разни тестери во цилиндрична форма чија ширина е иста како ширината на душникот на детето, па доколку може играчката да влезе во дупката тогаш таа не е соодветна и не би требало да ја купите. Искрено јас немам видено вакви тестери кај нас, па затоа како замена и картонот од тоалетна хартија може да заврши работа.

Избегнувајте ги џамлиите, металните парички, топчиња кои се со дијаметар од 4.5 сантиметри и помали бидејќи многу лесно можат да се става во уста и да се проголтаат, а во најлош случај да може дојде и до задушување.

Потрудете да бирате играчки на батерии каде тие се осигурани со штравчиња. Со ова ќе се оневозможи детето да дојде во директен контакт со батериите чија содржина може да предизвика сериозни здравствени проблеми како внатрешно крварење, изгореници и сл.

Кога купувате играчка за бебе или мало дете гледајте таа да биде доволно голема и да биде отпорна на „грицкање" и „џвакање". Покрај ова осигурајте се дека немаат:
- остри краеви и делови како тркалца или копчиња кои лесно можат да бидат откачени;
- мали делови кои детето може лесно да ги стави во уста;
- жици подолги од 18 сантиметри;
- внимавајте да нема делови каде ќе можат да си ги заглават прстињата.

• Кога станува збор за играчките за возење како што се разни коли и точаци, тие треба да се да се користат само во случаи кога детето е во состојба да седи без никаква поддршка и доколку истите се стабилни и безбедни.

06 Јануари 2014

За авторот