Кико води, ние го следиме..

Наши млади боречки таленти – интервју со Кристијан Воденски

Со одличните настапи во повеќе различни боречки дисциплини и пред се` поради неговите осум години, Кико го гледаме како огромен потенцијал за македонските боречки вештини, па решивме со него и неговите родители да направиме интервју за успесите и гледиштата на малата-голема ѕвезда во Германија.

1. Зошто токму кик-боксот, кој те воведе во рингот и дали си заинтересиран за други боречки вештини?
Кик-боксот е спорт кој ми дава најголемо искуство на ова поле и ме воведува во другите боречки вештини како џиу џицу и борење. Мојот татко беше тој што ме воведе во рингот.

2. Во кој клуб си и кој тренер/тренери ти помагаат во тренажниот процес?
Тренирам во ММА Спирит – Франкфурт, а најголема поддршка добивам од татко ми Ванчо кој е и мој личен тренер. Искуството го стекнувам од професионални борци како Даниел Вајшек и Макс Гога.

 

3. На колку домашни и странски натпреварувања си земал учество и дали имаш можност за докажување на интернационално ниво?
До сега имам учествувано на повеќе од 20 турнири, меѓу кои се германското првенство со освоено прво место во семи и лајт контакт.

4. Кои се твоите позначајни успеси, и кога почна да посериозно да тренираш и да се натпреваруваш?
Најголеми успеси ми се второто место во тек-вон-до на Европското првенство кое го освоив на мои шест години и првото место во НАГА – бразилско џиу џицу оваа година во мај.

5. Каде најчесто ги спроведувате тренинзите (локација) и имаш ли некои посебни подготовки пред натпреварите?
Најголем дел од тренинзите ги правам во ММА Спирит – Франкфурт, а пред секое натпреварување тренирам скоро секој ден техника и брзина, секако со мојот татко 🙂

6. Дали имаш некаков специфичен хранителен режим и суплементација?
Не, се хранам нормално како и сите деца на моја возраст, ама едно е сигурно, една чаша млеко пред спиење 🙂

7. Во која категорија/категории се натпреваруваш?
Се натпреварувам во категорија 23-25 килограми.

8. Што ти се допаѓа најмногу кај овој спорт и дали имаш некој интересна случка која што можеш да ја споделиш?
Најинтересна случка беше кога пред повеќе од неколку месеци зборував дека кога ќе пораснам би посакувал да имам шампионски појас, а јас го имам сега веќе на 8 годишна возраст. И бев најсреќен и спиев со него, три дена не го испуштав од раце 🙂

9. Имаш ли некој идол од големите имиња на светската сцена?
Најголем идол ми е Џорџ Сант-Пиер, канадски ултимејт борач во ММА и Даниел Вајхел – германски првак во ММА.

10. Кои натпреварувања ти следуваат во иднина и на што ќе се фокусираш?
На 21-во септември во Аугсбург – Германско првенство во БЏЏ и на 15-ти ноември во Париз, Франција, БЏЏ во НАГА.

11. Што би им препорачал на твоите врсници?
Сите што се занимаваат со овој спорт да даваат 100% во тоа што го тренираат и секој да има некоја цел пред себе. Само така се постигнуваат успеси.

Ве сака – Кристијан Воденски

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија