Пикадо игри со Четко и учење за здравите продукти

Одлично расположение, сите подготвени за игра и одговарање на прашања, ова е само дел од она што се случуваше на нашето дружење со Четко кај Авиончето во општина Аеродром.

Игравме, се смеевме, се наградувавме и најважно од се научивме кои продукти се здрави, а кои се лоши за нашите заби.

Во Пикадо учествуваше секое детенце кое беше присутно на настанот. Играта беше со цел да се  погоди добрата или лошата страна на пикадото кои ги означуваа добрите и лоши продукти за нашите запчиња.

Дружината  на Четко во саботата броеше 100 дечиња, од кои 20 ги одговорија сите поставени прашања без ниту една грешка. Но, со Четко нема губитници, сите другарчиња на Четко се победници.

Следете го Четко и понатаму по Патот до здрави заби и забавувајте се.