Државно првенство за деца од 11 до 14 години

Наслов

Атакувам по третата државна дупла круна во Кавадарци

Како двократен Балкански и Државен првак, во сабота и недела (11-12 мај) во Кавадарци ќе ги бранам титулите Државен првак во кати и борби. 

На 11-12 мај во Кавадарци се одржува државното првенство за деца од 11 до 14 години.

Јас, Абдурахим Идризи како двократен Балкански првак во кумите и носител на сребрена и бронзена медала од Балканско, истовремено и двократен државен првак во кати и во кумите, ќе атакувам на трета државна титула во категоријата кати за деца родени во 2001 година и кумите родени во 2001 година (-40кг).

По успесите што ги имав на GRAND PRIX CROATIA и на ILIDZA OPEN во Сараево, максимално сум подготвен да ги одбранам титулите и со тоа да бидам дел од репрезентацијата на Македонија на Балканското првенство кое што ќе се одржи во јуни, во Истанбул, Турција.

04 Мај 2014

За авторот