Kindergarten In The Wild

Наслов

Градинка во шумата

А што би било подобро образование за едно дете од престој во планина и шума, играње извидници и учење на основните човечки вредности преку запознавање со светот и природата околу себе? Вака се работи со децата во некои понапредни земји... 

Додека за жал, најголем дел од „современите" системи на образование уште од мали не тераат на тастатура, компјутер, „смарт"фон и останатите „благодети" на модерното општество, она што навистина им недостасува особено на најмалите е вистинскиот контакт со природата, играње во шумата, стекнување на основните вештини за кампување и опстанок во природата кои несомнено ги учат на подобри човечки вредности. 

Во Германија и Швајцарија постојат повеќе од 1000 „Градинки во шума" каде дечињата од најраните возрасти се учат на основните вештини за опстанок во природата, стекнуваат знаењеа за функционирањето на биосистемите во кои и тие се дел и најважно од се, учат да ја почитуваат и чуваат природата. 

 

 

29 Јуни 2016

За авторот