Госпоѓицата Кунг Фу

Да ја видите на улица така слатка и нежна не би помислиле дека е до толку опасна ѕверка! Се чини дека инспирацијата за Kill Bill дошла од Џеси Џејн МекПарланд. 

Таа е сè, само не обично девојче. И додека повеќето девојчиња на нејзина возраст преферираат да си играат со кукли и принцези Џеси Џејн преферира да си игра со мечеви.

Таа до својата деветта година има 117 титули за боречки вештини, а моментално е светски шампион во Кик Бокс. Досега има учествувано неколку филмови и шоуа како Британија има талент каде стигна до полуфиналето и се надева на победа.

Таа тренира боречки вештини од својата трета година кога одлучила дека балет не ја интересира.

Минатата година таа додаде мечеви во својата работа како нова техника во нејзината листа на кик бокс, кунг фу и тае квон до за кои што веќе има добиено повеќе награди.

Нејзин тренер во Ирска е Сенсеи Гери Кели, а тренира и со Мастер Џеф Скот во Обединетото Кралство. Таа се надева и на Олимписка кариера.