Годината на мултиталентот

И покрај тоа што Американците ги бие лош глас во поглед на здравиот начин на живот и навиките кои ги воспоставуваат кај младината дефинитивно имаат и примери од кои сите треба да учат.

Знаеме дека на малите деца вниманието и концентрацијата на една работа не им е баш најјака страна, но ова мало детенце како да успеало да изменаџира занимавање со многу активности по малку време за да крај да ги совлада сите многу солидно за негова возраст. Нормално не е профи, но за едногодишно дете и тоа е многу. Тука едногласни би биле родителите кои поминуваат низ оваа фаза со своите дечиња.

За да се постигне успех со вниманието и конкретните активности кај децата од најрана возраст, прво и основно е родителите да го живеат животот спортски и здраво, а потоа да поминуваат квалитетно време со своите малечки, да бидат упорни и да ги поделат активностите онолку колку што му треба на детето за да остане заинтересирано, а да не се стимулира премногу.