Фали ме усто правилно, оти ќе те раскинам

Тенка е границата на пофалба која го уништува потенцијалот на човекот и онаа што може да го направи далеку попродуктивен. Сè зависи од тоа како ќе му ја дадеш одликата.

Статијава е ставена во пиколино единствено затоа што истражувањето е правено на деца, а резултатите и те како соодветствуваат и за возрасните и за најмалите. Во истото се работи за експеримент преку кој се покажува како различниот тип на пофалба за иста активност делува драстично различно врз психологијата на однесување на човекот во неговите подоцнежни постапки.

Во неа биле земени 400 петтооделенци од различни американски училишта и им било направено едноставно тестирање со 10 невербални прашања. После тестирањето половина од групата биле пофалени за нивната ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА во одговарањето додека другата половина била пофалена за нивниот НАПОР т.е. ВЛОЖУВАЊЕ. 

Во следниот дел, предложен им бил избор за одговарање на втор тест. 

1. Првата опција била ТЕЖОК ТЕСТ кој е одлична можност за учење и напредување

2. Втората многу ЛЕСЕН ТЕСТ кој учениците сигурно ќе го поминеле со одлични резултати. 

67% од групата која била пофалена за нивната интелегенција го одбрала полесниот тест, додека дури 92% од групата која била пофалена за нивното вложување го одбрала потешкиот.

За крај било направено и уште едно тестирање каде што прашањата биле скоро и невозможни. Групата пофалена за нејзината интелегенција била доста фрустрирана при решавањето на истиот и многу од децата брзо се откажале, додека другата група работела повеќе, понапорно но и уживала во предизвикот на тестот повеќе. 

Објаснувањето од професорката по психологија Керол Двек е следно: 

  • Групата пофалена за интелегенцијата мисли дека е брилијантна и неверојатно талентирана па затоа се плашат да не го расипат ова мислење на луѓето према нив. Затоа тие влегуваат во една шема каде што постојано играат „на сигурно” со што си го лимитираат нивниот потенцијал за учење и развивање на талентот.

  • Втората пак група која е пофалена за нивниот напор и вложување, тие ја перцепираат таа пофалба како дел од растењето, па наместо да се плашат од потешките задачи, тие напротив поотворено ги прифаќаат. 

Има и четврто тестирање, ама и тоа како и останативе покажува како една мала суптилна разлика во типот на пофалба прави голема разлика во потенцијалот на човекот. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија