Еволуциската предност на слаткото запче

На сите ни е позната екстремната наклонетост на децата кон слатките нешта за која се повеќе се докажува дека е биолошки вкоренета. Научниците имаат мислење дека детските тела во раст имаат потреба од повеќе шеќер и дека детскиот сладок заб се потенцира при интензивирање на растот.

Во Центарот за хемиски сетила Монел во Филаделфија, САД, истражувачите направиле една мала студија каде се обиделе да одредат кои вкусови ги преферираат децата преку нивно оценување на разни супи, зашеќерена вода, гумени бомбони, крекери и друга храна со различни нивоа на сол и шеќер.

Во студијата биле вклучени 108 деца од 5-10 години заедно со нивните мајки. Децата што преферирале слатко во однос на солено биле повисоки за нивна возраст. Исто така, постоела мала корелација помеѓу преференцата за слатко и биомаркерот за раст кој е пронајден во детската урина.

Досега ни било познато дека децата ги обожуваат солените или благите вкусови, но никој не можеше да каже зошто е тоа така, вели главниот автор на студијата биопсихологот Џули Менела.

Истражувањето сугерира дека постои корелација на оваа појава со развојот кај децата, затоа што тие имаат потреба од повеќе енергија поради тоа што се во раст. Овој исказ има логика гледано од еволутивна перспектива, бидејќи децата кои бараат повеќе калории имаат поголеми шанси за преживување.

Истражувачите ја разгледале и поврзаноста на децата кои преферирале солена храна и зголемениот процент на масти во телото. Менела за ова вели дека може исто така да е поврзано со растот, бидејќи нашите тела ја поврзуваат солта со минералите кои се неопходни за раст.

Но истражувањето кое е издадено во списанието ”PLOS One” покажува само дека постои  корелација помеѓу преференците кон слатко и солено и растот на децата, а не покажува како тие се поврзани. Тоа би можело да биде откриено во некое поголемо, надолжно истражување.

Во меѓувреме, истражувањето само потврдува колку децата се наведени да конзумираат суперслатка храна, како бомбони и чоколади, која е таргетирана токму за нив. Денешните деца имаат пристап до премногу ваква храна која ги дебелее и ги става на ризик од многу болести меѓу кои се дијабетес и прекумерна тежина.

Кога ќе ја разберете биологијата на вкусот, ќе разберете колку всушност се ранливи децата на храната што ги опкружува, дополнува Манела.

Кај возрасните лица, постојат индивидуални преференци на вкусови кои се до некаде генетски предодредени. Разликите во генот за рецептор на вкусот ни појаснува зошто некои луѓе се окупирани со благо, додека други преферираат вкус на чубрица. Но помеѓу децата, заедничко е тоа што не постои корелација помеѓу нивните генотипови и преференцата за шеќер. Универзално, тие се наведени да ги обожуваат слатките.

Тогаш, дали може да се променат овие преференци?

 

Децта живеат во комплетно различен сензорен свет од возрасните, вели Менела. Ако го разбереме нивниот свет ќе можеме да ги научиме децата како да ги контролираат своите потреби за шеќер и да развијат здрави навики.

Еден начин да ги заинтересирате децата за храна која не е премногу шеќерна или премногу солена брза храна е да ги инволвирате во подготовката на здрава храна како зеленчуци и да им давате што повеќе свежо овошје.

 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија