Др. Ранко Рајовиќ:Децата да скокаат и да одат боси

Родителски грешки кои го успорувааат развојот на интелегенцијата на децата…

Забрана за скокање по креветот
Невроните кои не работат умираат, а токму невроните природно ги поттикнуваат децата да скокаат. Секој скок го поместува тежиштето на телото налево или надесно па потоа мора да се активираат сите мускули за да одржат рамнотежа при враќање на нозе, а управувањето со тоа е активност на мозокот.

Наместо да му забраните на детето да скока, внимавајте на сигурноста. А ако навистина сакате да го поттикнете развојот на интелегенцијата на детето, родете му братче или сестриче. Едно дете ќе скока пет минути, а две деца ќе скокаат пет часа, порачува Др. Ранко Рајовиќ, кој напоменува дека слично како скокањето делува и вртењето околу својата оска, после што децата понекогаш и паѓаат.

Возење во количка наместо одење
Одењето е многу важно за развојот на мозокот, а многу родители денес ги возат во количка своите деца дури и до четврта-петта година. Покрај влијанието на когнитивниот развој, долгото туркање на децата во количка доведува и до појава на рамни стопала, што денес имаат околу 70% од децата. Секако, децата би требало што повеќе да одат, а идеално е, кога за тоа постојат услови да одат боси.

Предолго блендирање на храната
Детето почнува со џвакање од шестиот месец, а од 18 месеци секое дете би требало да јаде цврста храна. Важно е да џвака, да не му се блендира храната бидејќи џвакањето, според зборовите на Др. Рајовиќ испраќа импулси во кортексот, ги чисти забите, го активира јазикот. На тој начин побрзо ќе се развие говорот и ќе се зајакне имунитетот.