Детски спортски активности

ДЕТСКА ФУДБАЛСКА ЛИГА “COOL”

Детската Фудбалска Лига е спортско – рекреативна активност организирана со цел детската популација да стекне нови искуства и меѓусебно дружење.

Тргнувајќи од потребата за унапредувањето во спортот, негувањто на спортските вредности и подигнувањето на свеста кај граѓаните за вклучување во спортот и спортско – рекреативните активности, се јави идејата за организација на Детска Фудбалска Лига.

Детската Фудбалска Лига “COOL” започна во 2010 година, организатори се Фудбалските школи Кул и Албион. Целта на оваа лига е да се анимираат децата во спортот и да ги развијат своите спортски афинитети. Учесници се спортисти од 2001, 2002, 2003, 2004, 2005 и помали генерации.

Во лигата учествуваат околу 30 – тина екипи од Скопје, кои меѓусебно ги покажуваат своите спортски способности стекнати на тренинзите. Натпреварите се играат во неделите, на терените на Фудбалска Школа Кул и Фудбалска школа Албион. Во организаијата и реализацијата на натпреварите се ангажирани тренерите на Фудбалските Школи Кул и Албион, фудбалски судија, медицинско лице и тим за снимање на натпреварите.

Ние како организатори на Лигата сме задоволни од одзивот на екипите кои учествуваат во Лигата. Децата меѓусено се натпреваруваат, дружат, разменуваат искуства, како и тренерите, што е од голема корист за тимовите и за нас. За гледачите се овозможени интересни натпревари. А за оние кои не се во можност да присуствуваат на натпреварите, а сепак сакаат да бидат во тек овозможено им е да проследат дел од натпреварите во видеата кои се објавуваат на страната на Фудбалска Школа Кул.

Сакаме јавно да се заблагодариме на екипите што заземаа учество во нашата Лига и ни помогнаа да се реализира замислата, а посебна благодарност упатуваме до Горан Астарџиев кој со своето учество како судија ни помогна да се издигне лигата за скалило погоре.

2002 генерација

2003 генерација

2004 генерација

2005 генерација