Дали емоциите треба да се учат на училиште?

Нашите неразрешени чувства може да нѐ водат во анксиозност, аргументи и полошо. Некои едукатори веруваат дека е време да им дадеме на нашите деца емотивни инструкции, заедно со учењето на азбуката и бројките.

Како одговор на прашањето: Кој те научи како да ги идентификуваш и да управуваш со своите емоции, како да ги препознаеш кога тие се појавија и да се движите низ нив?

Од многу возрасни, ќе добиете одговор: Никој. Сами сте го изоделе патот кој воопто не изгледа едноставен и ист така има многу грмушки на патот. Иако навигацијата низ нашиот внатрешен пејзаж не е нешто што ни било научено во училиште, треба да биде, тврдат голем број на истражувачи. Тие веруваат дека емоционалните вештини треба да се рангираат како високо важни во едукациите на децата како математика, читање, историја и наука.

Зошто емоциите се важни? Истражувањата покажуваат дека луѓето кои се емотивно квалификувани работат подобро во училиште, имаат подобри мегучовеки односи и помалку се ангажираат во недолично однесување. Плус, додека се повеќе и повеќе работни места стануваат механизирани, таканаречените меки вештини – кои вклучуваат упорност, управување со стресот и комуникација – се сметаат како начин да се направи луѓето незаменливи од машината. Има големи напори во американските училишта децата да учат социјално и емотивно учење (SEL), токму тие имаат тенденција да ги нагласуваат меѓучовечките вештини, како што се соработката и комуникацијата.

Децата често се учат да ги игнорираат или да ги сокријат своите емоции. Многу западни општества ги сметаат емоциите како дистракција, вели социологот од Универзитетот во Калифорнија, Санта Барбара, Томас Шеф, кој е поборник за емоционално образование. Нашите емоции можат да ни дадат вредни информации за светот, но честопати сме подучени или социјализирани да не ги слушаме., Шеф вели дека практиката да се крие емоција позади друга е многу честа и преставува сериозен ризик за добросотојбата на секоја индивидуа.

Родителите можат да почнат да почнат да ја охрабруваат емоционалната свест на своите деца со едноставна порака “Кажи ми за некои од твоите најдобри моменти”, фраза која Шеф користи за да започне разговори со неговите студенти. Но, тој и неговиот колега Стерн се согласуваат дека училиштата не можат да чекаат додека студентите достигнат академско образование за да ги сортираат и именуваат овие емоционални процеси. Нивната препорака е да започнеме од најмала возраст да ги уиме децата за свесноста за своето емоционално функционирање.

Бреинобрин Еуропе

www.brainobrain.com.mk