Подобар свет со повозвишени предмети во училиштата

Фин осврт на бившата учителка Андреа Шулман во однос на неколку нужни промени во школскиот систем за издигање на посвесна и поздрава идна генерација.

При нејзиното 7 годишно искуство во школскиот систем и работа со дечиња, Андреа воочила (а и многу други) дека моменталниот пристап има многу фалинки. Почнувајќи од наметнување на контрола и послушност со условување на учениците до воспоставување рутина, дисциплина и тестирање. Притоа се занемарува истражувачкиот дух, иновации и сочуството помеѓу децата.

Друг проблем е што на децата не им се пренесува практично знаење за тоа како да бидат успешни во животот. Иако e важно да се знае математика, наука и читање, децата треба да ги научиме како да се снаоѓаат за да се преживеат во денешниот свет.

И доколку навистина сакаме да го промениме светот на подобро, треба да се направат неколку измени во едукативниот систем со тоа што ќе се воведат предмети што ќе им помогнат на децата да израснат во здрави и способни индивидуи. 

Предмет 1: Медитација

Медитацијата е позната по многубројните придобивки, а за да ја практикувате не ви треба дополнителна опрема и специјално место. Може да се изведува идивидуално или во група, а помага при намалување на анксиозноста, го подобрува вниманието и го зголемува менталното и физичкото здравје. Далај Лама убаво се изјаснил „Ако секое 8 годишно дете се научи како да медитира, насилството ќе се искорени за само една генерација”. 

Колку би било убаво ако секој школски ден започне со 10 минутна медитација. Ефектот сигурно би бил неверојатно позитивен и смирувачки. Медитацијата е лесна за имплементација, бидејќи и онака првите 10 минути од првиот час минуваат во обид да се започне со наставата, па зошто да не се искористат за групна медитација.

Предмет 2: Правилна исхрана

Прво прашање… Зошто децата на училиште не учат како треба да се грижат за своето тело?

Во повеќето земји низ светот малку внимание се обрнува на едуцирање на децата за важноста на високо квалитетната, органска, НЕ-ГМО храна. Големиот избор на пакувана вештачка храна полна со хемикалии е главниот виновник за низа болести и прекумерна тежина кај децата. Затоа, во време кога овие штетни производи се распространуваат, неопходно е се зголеми свесноста на младите генерации за правилен избор на храна. 

Додека се на училиште децата обично конзумираат разни грицки, благи работи или фаст фуд сендвичи, а ретко овошје, салати или домашни квалитетни сендвичи. 

Поради тоа што голем дел од времето децата го минуваат на училиште, системот треба да биде искрен и да ги предупреди за опасностите и заблудите што ги демнат, како и да им разјасни што вистински се подразбира под здрава исхрана.

Бидејќи како што тргнале работите за десетина години ќе стане посуштински децата да добијат соодветно образование за здрава исхрана отколку да владеат алгебра. 

 

Предмет 3: Правилото на привлекување

На децата уште од рана возраст им се кажуваат правила што тие мора да ги следат за да бидат успешни. Многу од нас ја прифаќаат оваа идеја и одат на факултет за да станат доктори, сметководители или адвокати, да имаат прифатлива работа и некаква плата, но со тоа се повеќе се оддалечуваат од своите вистински страсти. 

Ако можеме да ги научиме децата како да го користат правилото на привлекување, односно да пораснат во индивидуи кои веруваат во себе и знаат да ги послушаат своите мисли, верувања и емоции за резултатите што сакаат да ги постигнат, драматично ќе го подобриме светот. Ќе се отворат нови можности за работа и кариери, иновацијата и креативноста ќе се зголеми, а луѓето ќе бидат среќни што го работат она што го сакаат.

Иако на училиште се учат многу важни работи и живееме во време каде повеќето луѓе имаат шанса да научат читање и пишување, математика, социјални студии и наука, сепак со овие мали дополнувања ќе се долови суштината на живеењето што е неопходна за среќа и успех во животот. 

Ако децата знаат да медитираат, да се хранат здраво и го разбираат правилото на привлекување тие ќе се претворат во прекрасни битија што знаат како да го чуваат своето психофизичко здравје, економијата ќе доживее експанзија и повеќе луѓе ќе создаваат иновативни и страствени кариери за себеси. Со тоа општата среќа и здравје на граѓаните ќе се зголеми, а криминалитетот и насилството ќе се намали. 

Ние ја имаме сила да ги промениме идните генерации на подобро. 

Извор