Здрава исхрана кај бебињата

Аво – бејби – кадо

Родителите често имаат дилема каква храна да им даваат на бебињата по шестиот месец од животот. Светските педијатри препорачуваат, дохрана да се почне со неколку основни видови овошје и со лесен зеленчук. 

Авокадото е едно од основните овошја препорачливи за бебиња поради изобилството на хранливи состојки кои ги содржи и ниското ниво на алергени.

Во споредба со другите овошја соодветни за бебињата, авокадото има поголема хранлива вредност, неутрален вкус, а значајна придобивка за ова тропско овошје е што може да се најде во продажба во текот на целата година.

Сите хранливи состојки на авокадото

Авокадото е богато со витамини, претставува одличен извор на минерали како што се железо, бакар, магнезиум и манган, а содржи и омега 3 масни киселини кои се ослободени од натриум. Магнезиумот е клучен за зајакнување на коските, а железото и бакарот се неопходни за создавање на црвените крвни клетки. Исто така, богато е со бета и алфа каротени и содржи незаситени масти кои воопшто не се штетни за бебињата затоа што го зголемуваат “добриот холестерол” во крвта. За здрав развој на вашето бебе, незаситените масти и калоричната вредност се од големо значење. Затоа авокадото посебно се препорачува кај бебиња кои бавно напредуваат во тежината.

Проверка 

Кога купувате авокадо, проверете дали е стасано и здраво. Треба малку да би пропаѓа прстот доколку го стиснете и кората добро да изгледа. Расипаното авокадо има неправилна форма, темно кафена или црна боја, нема сјај, може да има оштетувања на површината и да е премногу меко. Нестасаното авокадо е тврдо на допир, со изразито зелена боја, горчливо на вкус и никако не треба да се конзумира.
Совет плус: На врвот од авокадото проверете дали кога ќе го извадите малиот круг (како копче), внатрешноста е зелена или сува и кафена. Доколку е зелена, авокадото е добро, во спортивно може да е расипано. 

Кашички со авокадо

Авокадото при првите дохранувања се пасира како пире, а може да се комбинира и со банана, папаја или тиква за подобар вкус. Олеснителна околност е што не се вари, но доколку прв пат го храните вашето бебе со авокадо, додадете му и малку мајчино или адаптирано млеко.

Заради изобилството на хранливи материи кои помагаат при правилен раст и развој, пожелно е авокадото да го вметнете во секојдневното мени на вашето бебе.