Бронхиална астма и спорт

Астма – па што!

Бронхиалната астма е болест која се манифестира со напад при губење на здивот поради опструкции на дишните патишта предизвикани од ендрогени и егзогени надразнувачи на бронхијалното дрво. 

Таа се јавува кај 10% од децата и тоа најчесто во алергиска форма. Оваа болест веќе често се дијагностицира и кај децата во рана возраст, на 2-3 години.

Како да се препознаат симптомите на астмата?
Често симптомите на астмата не се препознаваат ниту од родителите, ниту од лекарите.

Типично, астмата е заболување кое се манифестира со кашлица, со “свиркање” во градите и отежнато дишење. Понекогаш е проследена со помодрување на усните, граден кош преполнет со воздух, а во понапреднат стадиум, по повеќе години настанува и деформација на градниот кош. Ако се присутни типични напади на отежнато дишење, дијагнозата е јасна.

Атипично, астмата може да се манифестира и со поблаги симптоми, како што се упорна ноќна кашлица и хроничен замор.
Се случува, детe со астма, претходно со месеци или дури со години да се води под погрешна дијагноза, најчесто како вирусно воспаление на белите дробови. Ваквите деца често непотребно се трауматизираат со инјекции и со антибиотици, кои практично немаат ефект на болеста, а носат пропратни ризици за здравјето на детето.

Во поблаги случаи, астмата се манифестира како склоност кон чести настинки, со наводни компликации на синусите, на третиот крајник и сл.

Асмата треба да се земе во предвид и ако детето брзо се заморува, отежнато дише при напор или ако заостанува во растот.

Асмата и спортот
Во минатото се препорачувало децата кои страдаат од бронхиална астма да не бидат физички активни и да не се занимаваат со спорт. Но денес докторите го тврдат токму спортивното. Моменталните истражувања всушност докажуваат дека астмата не е пречка за физичките вежби, односно дека спортот и општата физичка активност имаат позитивно влијание на овие лица.

Редовните физички активности помагаат при стабилизирање на нивната здравствена состојба и допринесуваат за значително намалување на количината лекови кои ги конзумираат.

Спортот ги зајакнува детските бели дробови. Во светот постојат многу професионални спортисти кои играат кошарка или фудбал, освојуваат медали, и покрај тоа што се асматичари.

Но сепак, за да одберете соодветен спорт за вашето дете астматичар, задолжително треба да се консултирате со доктор. Тој ќе процени колкава физичка активност може да поднесе детето со минимален ризик од напад.

Најчесто на овие деца им се препорачуваат спортови кои се корисни за респираторните органи. Такви спортови се атлетика, боречки вештини, веслање, одбојка, фудбал и кошарка.

Исто така, јогата со вежбите за дишење (пранајама) има одлично влијание врз децата со астма.

Пливањето е една од најстарите природни човечки вештини каде правилното дишење е од големо значење. Затоа е одличен спорт за оние кои страдаат од бронхиална астма. Но бидете внимателни при изборот на базен за тренинг, бидејќи доколку детето има/добие алергиска реакција од хлорот кој се става во водата, тогаш одберете базен со јонизирана вода.

За време на тренинг пулсот не треба биде повисок од 150 отчукувања во минута.

Најдобри резултати се постигнуваат со 2 до 3 тренинзи неделно.

Во зима треба повеќе да се внимава бидејќи тренинзите на ладен воздух можат да предизвикаат опструкции и општо влошување на болеста. Затоа, се препорачува носење на ски-маска за зимските спортови. Во пролет, треба да се внимава при тренирање на отворено поради можни компликации од високата концентрација на полен во воздухот.

Инфо плус!
Во некои случаи домашно милениче допринесува до поголема отпорност на децата кон алергии.