10 причини зошто вашето дете треба да спортува

Секој родител го сака најдоброто за своете дете, но со генетички-модифицираната храна која е сè позастапена во последно време, намалената активност на светското население во глобала доведува до зголемување на бројот од дијабетис, прекумерна тежина, срцеви заболувања. Затоа вие како родители треба да треба да го насочите своето дете да води здрав живот и здраво да се храни.

Спортувањето игра важна улога кога говориме за здравје. Подолу ќе наброиме 10 причини зошто децата треба да се занимаваат со спорт:

-Преку вежбите се развива и усовршува координацијата и развиваат различни движења на движечкиот апарат.

-Преку учеството во редовни физички активности се стопират или забавуват некои хронични заболувања како дијабетис, срцеви заболувања, прекумерна тежина, хипертензија и рак.

-Дете кое спортува во рана детска возраст има поголема веројатност да продолжи да спортува кога ќе порасне.

-Редовната физичка активност помага за градење на здрави мускули, коски и зглобови.

-Спортувањето помага за развојот на важни вештини за интерперсонална комуникација (тимска работа) особено кај колективните спортови.

-Вежбите го подобруваат квалитетот и квантитетот на спиењето.

-Децата кои тренираат имаат поголема самодоверба и се посигурни во своите можности .

-Спортистите имаат помала шанса да страдаат од депресија. Спортот дефинитивно подобрува општото расположение.

-Истражувањата покажуваат дека вежбите ги подобруваат академските достигнувања на децата.

Причините се премногу, затоа не губете повеќе време и направете му услуга на вашето дете, запишете го на спорт!