Инфо

„Сурово и вкусно“ е првиот блог за неготвена храна на македонски јазик и претставува збирка на белешки поврзани со суровата храна, нејзините бенефиции, и влијанието врз човековиот организам. Рецептите се во голем дел инспирирани од светски автори и се модифицирани според состојките достапни на локалниот пазар и според личниот вкус на авторката, Ана Азгоур.

Неодамна Ана ја отвори својата кујна за јавноста, со што голем дел од јадењата за кои досега само блогираше сега се веќе достапни за скопјани.

Кујната на „Сурово и вкусно“ нуди свежи сокови, шејкови, млека од јатки, живи и готвени вегански појадоци, главни јадења, салати, путери, намази и десерти. Сите јадења се припремени од свежо овошје и зеленчук, јатки, семки, суперхрана, безглутенски житарки и нерафинирани масла. Се наоѓа во ТЦ Буњаковец на прв кат (над Анхоч).

www.surovoivkusno.com