Инфо

Спортскиот центар Јане Сандански претставува мултифункционален објект кој содржи голема спортска Арена со капацитет од 6500 посетители, мала спортска сала со капацитет за 1000 посетители, конференциска сала, тениски терени, фитнес и аеробик центар, игротека, како и продавница за спортска опрема HUMMEL и фан шоп на Вардар.

Спортска Арена е со капацитет за 6500 посетители, направена според стандарди за одигрување на сите меѓународни натпревари во кошарка и ракомет. Спортската Арена е прва арена која има три детски зони со по 40 седишта, четири фан зони, и седум ВИП соби.

Во склоп на спортскиот центар има и Мала спортска сала, која е со димензии за кошарка и ракомет, и која има капацитет од 1000 седишта.

Спортскиот Центар Јане Сандански има и конференциска сала каде се одржуваат сите прес конференции и дополнителни настани од ваков тип.

Спортскиот центар за потребите на професионалните спортски клубови како и за комерцијална употреба, поседува фитнес центар опремен со професионалната линија на реквизити од програмата на CYBEX, на површина од 500 м2, како и мултифункционален простор на површина од 400м2 кој ќе се користи за аеробик, пилатес, боречки спортови и останати партерни вештини и спортови.

За љубителите на тенисот СЦ Јане Сандански има 4 тениски игралишта според ATP и WTA стандарди, со кафуле и административен дел. Два од тениските терени се функционални и во зимскиот период.

На западната страна од центарот се наоѓа спортска продавница за реномираниот дански бренд HUMMEL кој за првпат се појавува на пазарот за комерцијална продажба, а со истиот бренд се сервисираат и фан шоповите на фудбалскиот клуб и женскиот и машкиот ракометен клуб Вардар.

Освен спортските капацитети, во склоп на комплексот е отворена и игротека за дечиња со поглед кон паркот на езерцата на површина од 300 м2.

Телефони:
Main: +389 2 2400 075 /

Билетара: + 389 2 2401 980 /

Аеробик : + 389 2 2401 981 /

Фитнес : + 389 2 2401 982 /

Игротека : + 389 2 2401 983 /

Фан шоп : + 389 2 2401 984 /

Ресторан : + 389 2 2401 985 /

Working hours: 08:00 – 24:00 /

Е-пошта:
Билетара: contact@scjanesandanski.mk

Аеробик: aerobic@scjanesandanski.mk ritmicka@scjanesandanski.mk

Фитнес: fitness@scjanesandanski.mk

Игротека : igroteka@scjanesandanski.mk