Инфо

http://www.wakomacedonia.com/


Кик Боксот како атрактивен и популарен спорт во почетокот на седумдесеттите години од минатиот век, за релативно кратко време ги освои младите и создаде револуција со висок интерес и внимание кај сета спортска јавност во светот, па и кај нас, пред се, со убавата визуелно-атрактивна техника во која учествуваат нозете и рацете.

Кик Бокс е нова спортска аматерска дисциплина со светска асоцијација WAKO и со седиште во Милано, Италија, а нашата Кик Боксинг Федерација на Македонија К.Б.Ф.М за релативно кратко време стана единствен претставник од нашата татковина во светската асоцијација, во Федерацијата денес егзистираат 26 клубови во натпреварувачкиот систем на Република Македонија.

Регистриран 1995 година со цел да ги обедини сите контактни боречки спортови во Македонија (Семи, Лајт, Фул контакт, музички форми, Лоу кик, Таи бокс, Савате,Ултимај фајт,Тамашивари , дисциплини-форми од Кик Бокс спортот) освен боксот
Најголема и најреномирана спортска федерација со над 32 клуба и 4879 членови
Во склоп на Федерацијата работи и професионален сектор за Кик и Таи Бокс
Единствено признат за Кик Бокс од страна на Министерството за млади и спорт на Република Македонија
Член на Македонскиот олимписки комитет
Единствено службено признат во Македонија од страна на Светската асоцијација на Кик Боксинг организацијата WAKO и од Интернационалната аматерска Мау Таи федерација И.А.М.Т.Ф. за Кик и Таи Бокс спортот,како и од УФЦ-за Ултимајт фајт.