Galicnik
Address:
Bez ulicen sistem, Galicnik - Mavrovo , Rostuse

Инфо

Истражи го Националниот парк – Маврово на коњ

Јавањето на грбот на еден коњ нуди посебно искуство и особено возбудлив начин на уживање во богатствата на Националниот парк – Маврово. Ова е несекојдневен начин да се откријат убавините на овој крај, далеку од секојдневните дразби и притисоци од урбаниот начин на живот. Придружете ни се во обиколката на преубавите предели, глетки полни со моќни планини, бистри потоци и пространи и зелени шуми. Сместувањето е во стари села, уживајќи ги вкусовите на традиционално подготвените јадења.


Шумски тури

1. Возбудлива шумска тура (Галичник – Св.Петка – Галичник)
За оние кои уживаат во активности во природа, ние ви го нудиме најдоброто јавање. Почнувајќи од с. Галичник нашиот водич ќе ве води длабоко во шумата се до најмалата црква на Балканот –Св. Петка за краток одмор. За време на јавањето ќе можете да ги видите врвовите на Крчин, Стогово и панорамска глетка на с. Галичник, кањонот на реката Радика и многу шумски потоци низ кои тече кристално чиста планинска вода.
Времетраење на турата: околу 2 часа
Поаѓање: 09.30 ч.

2. Адреналинска шумска тура (Галичник – Селце – Тресонче – Lazaropole )

Ова е идеална тура за оние кои сакаат да го искористат максимумот од еден ден. На оваа тура јавањето е низ шумата Сушица и надолу кон селата Селце и Тресонче, со панормска глетка на северната страна на планината Стогово. На пат кон Лазарополе се поминува низ селото Тресонче со цел да се почуствува фолклорниот амбиент и старата селска архитектура.

Времетраење на турата: околу 8 часа
Поаѓање: 9:30 ч.
Одмор: 14.00 ч. (Ручек во локален ресторан во Лазарополе)
Пристигнување: 19:00 ч.


Планински тури

Овие тури се за оние кои сакаат да ги видат сите планински богатства на планината Бистра. Турата започнува со качување на падините на планината и глетка кон неколку планински врвови. На оваа тура потребно е да се носи соодветна облека, како и опрема за заштита од сонце и дожд. Со посета на неколку бачила оваа планинска тура ќе ви го доближи животот на овчарите, а исто така посетата во бачилата ќе ја искористиме да ги вкусиме најдобрите традиционални бели сирења и јогурт. За оние кои сакаат поинтезивно доживување, ја препорачуваме возбудливата и адреналинската тура со која ве носиме на највисокиот врв Меденица (2,163 м.) со спектакуларен поглед на Корабскиот масив (2,764 м.).

1. Лесна планинска тура и дегустација на сирењe (Галичник – Смрдливи Вирови – Чаушица – Галичник)

Приближно 4 часа

Поаѓање: 9:30 ч.
Дегустација на сирења: 11:00 ч. (сирење, јогурт,салата, домашен леб)

2. Возбудлива планинска тура и дегустација на сирењe (Галичник – Салтаница- Чаушица – Смрдливи Вирови – Галичник)

Приближно 5 часа

Поаѓање: 9:30 ч.
Дегустација на сирења: 13:00 ч. (сирење, јогурт, салати, домашен леб, )

3. Адреналинска планинска тура и дегустација на сирењe (Галичник – Говедарник- Тропешкарупа - Чаушица – Галичник, круг околу врвот Меденица)

Приближно 6 часа

Поаѓање: 9:30 ч.
Дегустација на сирења: 13:00 ч. (сирење, јогурт, салати, домашен леб )


* Без разлика за кои тури ќе се одлучите, јангнешко припремено на традиционален начин е секогаш достапно со однапред резервација.


• Хотелското сместување е секогаш достапно во Хотел НЕДА .


Без разлика дали сакате да ни се придружите на еден час или пак да одберете некоја од турите кои се овде понудени, ние секогаш можеме да ви понудиме опции кои ви се вам соодветни. На нашите тури јаваме Балкански планински коњи: питоми селски коњи, мали но особено издржливи и сигурни за планински терен. Организираме тури за сите нивоа на јавачи од почетници до напредни јавачи. Инструкторите за јавање се обучени за својата работа и слободно консултирајте ги. Овие тури се одлични за групни и фамилијарни одмори, но секако се и добар начин да запознаете отворени и дружељубиви луѓе со авантуристички дух и љубов кон природата.

Листа на опрема:
• Удобни чевли;
• Соодветна облека за планински временски услови;
• Крема за заштита од сонце;


КОЊИЧКИ КЛУБ БИСТРА-ГАЛИЧНИК
+389 77 648 679
hcbistragalicnik@gmail.com

................................................................................................

Holiday on a horseback offers a firsthand experience of the riches of Mavrovo National Park. This particular holiday is a great way to discover the beautiful countryside far from the clutter of the urban life. Join us and visit places with beautiful scenery, mighty mountains, crystal clear rivers and waterfalls, smooth and vast green highlands. Lodging in old villages, enjoy the taste of domestic food products offered in the local sheepfolds, sometimes by the fire or sometimes simply in the nature, sitting on a rock in the middle of a pasture taking pleasure in the splendors of life and nature.

Forest Experience Tours
1. Exciting Forest experience (Galicnik – St. Petka - Galicnik)

For those who love the outdoors we offer the perfect ride. Departing from Galicnik village, our guide will lead you trough the deep forest with break at the river springs and visit of the smallest church on the Balkan - “St. Petka”, where you can enjoy a light snack. During the ride you will see the mountain peaks of Krcin, Stogovo, panoramic view of village Galicnik, canyon of river Radika and many forest springs with pure crystal mountain waters.


Approximately 2 hours of riding

Departure time: 09.30am

2. Adrenalin Forest experience (Galicnik – Selce – tresonce - Lazaropole)

This is an exclusive forest package for those who want a quick getaway. On this trek you will ride through the forest of Sushica and downhill riding to the village of Selce and Tresonce, with panoramic views of the north side of mountain Stogovo. On the way to Lazaropole you will pass through the village Tresonce experiencing the folklore and the old village architecture, crossing of the river and arrival to Lazaropole for a break and BBQ.
Approximately 8 hours of riding
Departure: 9.30am
Lunch break: 14.00am (BBQ, salad, dessert, drinks)
Arrival: 19:00pm


Mountain experience tours

These tours are for those who want to enjoy in the treasures of the mountain. Riding uphill along the valleys of the mountain Bistra, you will enjoy in the huge open views on many mountain peaks. On these ride you need to take a little more care to pack the appropriate clothing, as well sun & wind protective gear. On this trip you will get closer to the Sheppard’s life, visiting few sheep farms and tasting traditional white cheese and yogurt. For the adrenalin explorers we suggest the adrenalin mountain cheese tasting experience tour which is taking you around the highest peak Medenica (2,163 m.) of the mountain, with incredible view of Korab massive(2,764 meters). This is a soul rewarding tour and with a breathtaking scenery.


1. Easy mountain cheese tasting experience ( Galicnik - Smrdlivi Virovi - Caushica - Galicnik )

Approximately 4 hours

Departure: 09:30am
Cheese tasting: 12:00am (cheese, yoghurt, salad, homemade bread )

2. Exciting mountain cheese tasting experience (Galicnik - Saltanica - Caushica - Smrdlivi Virovi - Galicnik )

Approximately 5 hours

Departure: 09:30am
Cheese tasting: 13:00pm (cheese, yoghurt, salad, homemade bread


3. Adrenalin mountain cheese tasting experience ( Galicnik - Govedarnik - Tropeshkarupa -
Caushica - Galicnik - circle around the peak Medenica)

Approximately 6 hours

Departure: 09:30am
Cheese tasting (cheese, yoghurt, salad , homemade bread,)



*No matter which tour offers you choose, after the riding experience we offer you lamb prepared from local
people on traditional way in the local restaurant in Galicnik.

Whether you're able to join us for a hour or for a day, we have trail rides to suit your needs. On this tours we’ll ride our Balkan mountain horses: friendly village horses, small in size, but hardy and surefooted in the steep terrain. We can accommodate any rider level, from beginner to advanced. Riding instructions are given and feel free to ask your guide any questions. These holidays are great fun to enjoy with a groups of friends or family, but are also perfect to meet open minded people who could end up as lifelong friends.

Equipment check list:
Comfortable walking shoes;
Warm clothes for mountain weather conditions;
Sun cream;


HORSE CLUB BISTRA- GALICNIK
+ 389 77 648 679; hcbistragalicnik@gmail.com
Следи 0
Го следат 2

Следи

Корисникот не следи други корисници.

Слики

Настани

Корисникот не присустувал на ниту еден настан до сега.