Инфо

Си снимаме видеа, си ги монтираме, си ги пуштаме и си ги гледаме... Супер се :-)
Планински Авантури, осум епизоди, неколку планини, неколку убави ноќи и денови!
Планински Авантури С2 - наскоро и многу, многу, многу... Ма супер се, ќе видите :-)

-----------------------------------------------------------------------------------------------
За Планински Авантури

Серијал емисии од рекреативно едукативен карактер во кои ќе можете да ги видите случувањата и авантурите одблиску, низ призма на активен учесник.
Ќе добиете информации во врска со посетените предели како и назнаки како да ги пронајдете и да пристигнете до нив.
Ќе можете директно да процените каква опрема и колкава физичка подготвеност Ви е потребна за впуштање во вакви авантури.
Ќе видите предели, започнувајќи од тешко проодните и малку познати локации, па се до високите планински врвови кој досега многу ретко или воопшто не биле прикажани.
Ќе се вклопиме и прилагодиме на секакви временски услови во остварување на крајната цел, а тоа е да Ви ги прикажеме планините и нивните убавини во сите годишни времиња и во различни временски услови.
Покрај убавините и уживањето во нив, кој се неодвоив дел од планините и планинските авантури, ќе ги видите и опасностите како стрмите планински страни, изложените карпести гребени, снежните стреи и опасноста од лавина, дивите животни, големите температурни разлики, силните ветришта и брзите временски промени со кои ќе се соочиме во серијалот.
Следи 0
Го следат 4

Следи

Корисникот не следи други корисници.

Слики

Настани

Корисникот не присустувал на ниту еден настан до сега.