Статии

Ако сте едни од оние за кои секоја изгубена калорија се брои, тогаш имаме корисна информација за вас.

Постојат места за кои колку и да пишувате, колку и да раскажувате секогаш ќе имате впечаток дека не е доволно. Како да е изгубена суштината, како нашата фасцинираност да е угушена во меморијата на погледот. Како секој кажан и напишан збор празно да одѕвонува во сеќавањата. Она што следи е токму тоа, безуспешен обид да ви доловам нешто што мора сами да го доживеете.

Ако сакате да ја измерите вашата физичка кондиција и ниво на издржливост, топло ви го препорачувам Шарпланински скајрејс. Трка во планинско трчање кое се одржува на Шар Планина со старт во Штрпце Косово а со финиш во Старо село Македонија. Трка во должина од 33км и позитивно висинко качување од 2450м, притоа со искачување на два Шарпланински врва (Пирибег и Љуботен), двата по 2500м.

Ако сте чуле за планинско трчање, сигурно сте чуле и за Крали Марко Треилс. Најпознатата, најубавата, најтешката и најдобрата трка од ваков тип во нашата земја. Оние кои се дел од овој спорт веќе им се познати патеките на 16км, 31км и 65км како дел од оваа трка. Вие знаете дека она за што ќе пишувам во трчачките кругови се нарекува - извештај. За сите останати, дозволете ми да ви ја презентирам оваа трка и да ви го претставам и доближам овој релативно нов спорт кој ќе ве однесе најдалеку до вашата суштина и ќе ве запознае со најдлабоките инстинкти на вашето тело и вашиот дух.